1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судот во Лондон го ослободи Џулијан Асанж од притвор

Судијата му порача на Асанж дека ќе мора строго да се придржува до условите за кауцијата, доколку сака да остане да се брани на слобода. Група еминенти личности претходно приложија кауција од 200 илјади фунти

default

Судот во Лондон денеска го ослободи основачот на Викиликс, Џулијан Асанж од притвор по приложената кауција. Неговиот адвокат приложил гаранции од 10 еминенти личности од Британија кои гарантираат дека Асанж нема да ја напушти земјата доколку биде ослободен од притвор каде се наоѓаше од 7 декември, откако сам и се предаде на полицијата. Асанж ќе мора повторно да се јави на распит во судот на 11 јануари следната година.

Британските власти го уапсија откако беше распишана меѓународна потерница од Шведска каде е осомничен за силување и сексуално насилство.

Агенциите јавуваат дека стотици демонстранти и поддржувачи на Асанж се собрале пред судската зграда и бараат негово ослободување од притвор.

Австралиската ТВ мрежа „Севен“ денеска објави и интервју со Асанж, пренесено од телефонскиот разговор на основачот на Викиликс со неговата мајка. Асанж порачува дека нема намера да се откаже од своите идеали и дека ќе продолжи да објавува тајни податоци на светските влади. Обвинувањата против него, Асанж ги оценува како „нелегални и неморални“, а компаниите „Виза“, „Мастеркард“ и „Пејпал“ кои ги блокираа неговите и сметките на Викиликс ги прогласи за продолжена рака на американската надворешна политика.

Assange Festnahme 2010 London NO FLASH

„Го повикувам светот да ја заштити мојата работа и моите соработници од овие нелегални и неморални акти“, порачува првиот човек на Викиликс.

Познатиот светски новинар, австралиецот Џон Пилгер денеска оцени дека откритијата на Викиликс треба да ги убедат традиционалните медиуми помалку да зависат од официјалните извори и повеќе да истражуваат. Интернетот и Викиликс ќе доведат до револуција во новинарството кое многу често досега не си ја извршуваше работата како што треба, вели Пилгер.

Автор: БГ/ап/ројтерс

Редактор: Александра Трајковска