1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Судијата на Милошевиќ поднесе оставка

Судијата на Хашкиот трибунал за воени злосторства, Ричард Меј, кој го водеше и процесот против екс- југословенскиот претседател, Слободан Милошевиќ, поднесе оставка поради здравствени причини. Известувајќи ги колегите за тоа, Меј во писмо вели дека оценил оти тоа е во најдобар интерес за трибуналот. Претседателот на хашкиот трибунал, Теодор Мерон, вчеравечер соопшти дека оставката на судијата Меј му ја проследил на генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, кој наскоро треба да именува наследник на британскиот судија. Детали за болеста на Меј не се соопштени.

Според правилата на работата на судот во Хаг, ако судијата поради болест не може да го продолжи судењето, му се именува наследник. Но, обвинетиот може да се спротивстави на тоа. Во случај неговото противење да биде одбиено, обвинетиот мора да вложи жалба пред апелационо собрание.

Именувањето нов судија ќе предизвика ново одлагање во процесот против Милошевиќ, кој трае веќе две години, со оглед на тоа што на новиот судија мора да му се остави време за тој да се запознае со досегашниот тек на процесот, во кој искази дадоа околу 300 сведоци.

Утре и задутре, обвинителите, предводени од Џефри Најс,, би требало да ја завршат својата доказна постапка. Потоа ќе следува тримесечна пауза, во текот на кои Милошевиќ, кој се брани сам, ќе се подготвува за изведување на докази на одбраната. Но, тој, согласно правилата може да побара и цело досегашно судење да се поништи, поради тоа што претседавачот со судската тројка не е во состојба да го заврши. Претседателот на Хашкиот трибунал, Мерон, рече дека судиите и останиот персонал ќе продолжат да работат на исполнување на историската мисија на трибуналот и во отсуство на судијата Меј. "Уверен сум дека оставката на судијата Меј нема да попречи ниту едно судење пред Хашкиот суд. Водењето на судењето против Милошевиќ останува во сигурни раце", нагласи Мерон.