1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судир на српско-косовската граница

Припадници на српската полиција во вооружена престрелка со дрвокрадци од Косово раниле најмалку шест лица. Во Брисел денеска (08.07) продолжуваат разговорите за нормализација на односите меѓу двете земји

Во оружен судир со припадници на српската Жандармерија на административната граница меѓу централна Србија и Косово, ранети се најмалку шестмина косовски Албанци, јави Радио-телевизија Србија.

Судирот се случил синоќа кога група Албанци, кои ја преминале границата од Косово заради нелегална сеча на шума, од автоматско оружје ја нападнале патролата на Жандармеријата на територијата на централна Србија, во атарот на селото Боровац во Куршумлија. Припадниците на српската полиција по инцидентот ја блокирале административната граница со Косово.

Денеска во Брисел продолжуваат разговорите меѓу премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи со посредство на високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон за нормализација на односите меѓу двете држави. Во вторник и среда Ештон ќе ги посети, прво Белград, а потоа и Приштина во обид да ја забрза имплементацијата на договорот.