1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судир на световна и „небеска“ Србија

Изјавите на црковни великодостојници на митингот за поддршка на косовските Срби што пред неколку дена се одржа во Белград предизвикаа бурни реакции во државата, но и во СПЦ.

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије за време на молебенот за Косово рече дека се „моли за упокојување на Владата и Собранието на Србија’, додека пензионираниот владика Атанасије Јефтиќ изјави дека „Дачиќ вели оти е за реална и земска политика, не го интересира небеска политика, така зборуваше и Ѓинѓиќ, а како заврши нека суди Бог“. Изјавите наидоа на осуда од страна на одделни лидери на партии, а се огради и српскиот патријарх Иринеј.

СПЦ во самоизолација

Тешки изјави, поттикнати од прашањето на Косово, повторно покренаа расправа за значењето на косовскиот мит за Српската православна црква. Ставот на СПЦ за Косово се наоѓа во меморандумот на СПЦ за Косово и Метохија, објавен во 2003 година, објаснува за ДВ Мирко Ѓорѓевиќ, социолог на религија. Тука јасно стои дека Косово за СПЦ е Ерусалим и дека црквата го

Protest gegen Kosovo-Abkommen in Belgrad

Митрополитот Амфилохије рече дека се моли за „упокојување на Владата и Парламентот“

смета Косово за составен дел на државата кој во моментов е окупиран од западни земји со помош на домашни предавници, нагласува Ѓорѓевиќ:

„Мислам дека СПЦ со останувањето на тој став се осудува себеси на самоизолација. Тоа е она што најмногу ме загрижува, зашто СПЦ постои во многу други држави - и во Хрватска и во Словенија, БиХ, Канада, Германија и така натаму и таму нема никакви проблеми. Затоа што канонските и државните граници никогаш не се поклопувале и нема да се поклопуваат, а тоа архиереите го забораваат.“

Судир околу Косово

Верскиот аналитичар Живица Туциќ нагласува дека ставот на одделни црковни великодостојници не е став на комплетната Српска православна црква. Тоа, сепак, не значи дека државата и црквата не се во судир околу косовското прашање, смета Туциќ. Тој судир постои по тоа прашање и секако - погрешно е да се тврди дека го нема, вели Туциќ.

Според Туциќ, во СПЦ има три струи кога станува збор за проблемот на Косово. Едната струја е радикална, додека другата смета дека државата сторила колку што можела. Постои и трета струја, на која мислам дека и‘ припаѓа и српскиот патријарх, оценува Туциќ:

„Тоа на некој начин е поглед од свој агол на косовскиот проблем и еден критичен однос кон тоа како тој се решава. Но, во краен случај, тие не го оспоруваат правото на државата таа во решавањето на тоа прашање да ги вложи сите свои сили и да го решава тоа прашање како што најдобро знае и умее.“

Symbolbild Religionsunterricht Serbien Orthodoxe Kirche

Владата нема да падне под удар на црквата, проценуваат аналитичарите

Српската црква, според Мирко Ѓорѓевиќ, има голем углед и извесно влијание во народот и меѓу политичарите. Се чини дека во моментов нејзиното влијание е огромно, но мислам дека црквата нема да успее да го промени курсот на државната политика кон Косово, оценува Ѓорѓевиќ:

„Тоа конечно го потврдува и овој судир, кој не го нарекувам јас така, туку го нарекоа тие, судир меѓу земска и небеска Србија. Зашто, српската влада е задолжена за водење политика, а црквата во Србија е де јуре, но не и де факто, одвоена од државата. СПЦ во тоа нема да успее. Тоа е некоја моја проценка, а дали е точна ќе видиме наскоро, зашто настаните се забрзуваат.“

Ѓорѓевиќ додава и дека „Косово останува сакрално место во црковната идеологија“, но дека „актуелното однесување на многу архиереи зборува токму за тоа дека станува збор за ситнопартиско ситничарење и дека Владата ќе се одржи“. Ако Владата падне, таа „нема да падне под удар на црквата, како што тоа им се чини дури и на некои архиереи“, нагласува Ѓорѓевиќ.