1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судир на полицијата и салафистите во Тунис

Во тунискиот главен град Тунис денеска избија судири меѓу полицијата и салафистите поради забрана на нивен собир. Во Тунис се во пораст ултраконзервативните муслимански движења, меѓу кои се и салафистите.

Полицијата денеска се судри со салафистите во Тунис, како и градот Керуан, зашто властите забранија одржување на годишното собрание на движењето на салафистите - џихадисти во овие два града.

Салафистите, поради забраната на собирот, палеле автомобилски гуми и уривале полициски барикади, фрлајќи камења по полицајците кои одговориле со солзавец и пукање во воздух.

Полицијата го привела портпаролот на салафистите, Сејфедин Раис, кој во четвртокот изјави дека државата ќе ја сноси одговорноста ако дојде до крвопролевање поради забраната на собирот.

Во Тунис се во пораст ултраконзервативните муслимански движења, мешу кои се и салафистите.