1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Судир на полицијата и антивладините демонстранти во Подгорица

Во Подгорица денеска се приведени дваесетина учесници на протестите против власта, организирани преку Фејсбук, а инспирирани од случувањата во Босна и Херцеговина.

Црногорската полиција денеска се судри со група демонстранти, кои се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на владата на Подгорица, за време на протестите на кои над 200 граѓани бараа смена на власта и оставка на сите пратеници.

Група демонстранти фрлале со камења врз полицијата пред зградата на владата на Црна Гора, на што полицијата одговорила со употреба на солзавец.

Во судирите повредени се најмалку двајца полицајци, а скршени се неколку прозорци на зградата на Министерството за финансии. Оштетено е и едно полициско возило. На местото на протестот биле распоредени и припадници на специјалните полициски единици, кои со употреба на пендраци и солзавец успеале да ги растурат демонстрантите.

Според неименуван извор од полицијата уапсени се повеќе демонстранти. Протестите ги организира Фејсбук групата „Револуција во Црна Гора - сите на улица“. Групата од вчера најави дека ќе организира протест пред зградата на црногорскиот парламент во Подгорица, каде ќе бара смена на актуелната власт, по примерот на настаните во Босна и Херцеговина.

Еден од организаторите на протестот Љубо Варагиќ изјави дека е доста од пљaчкање на Црна Гора и дека е време за промени.

„Сакаме да работиме и живееме. Бараме владата на Црна Гора и сите пратеници да поднесат оставка“, истакна тој.

Демонстрантите за време на протестот извикуваа пароли „Крадци“, „Сакаме оставки“ и „Промени“.