1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судирот на културите е погрешно сфатен поим

Судирот на културите е погрешно сфатен поим, смета Петер Филип според кого таков судир не постои, најмалку не онаму каде што овие култури живеат заедно, во Европа.

Судир на религии и култури?

Судир на религии и култури?

Само кога се би било така едноставно. По 11 септември за теоретичарите, на двете страни заземаа цврст став дека судирот на културите е веќе во тек и дека треба да се подготвиме за најлошото. При тоа американската влада отиде чекор понатаму: 11 септември беше напад во Америка и на Америка, а тие одговорија со својата “војна против тероризмот“, без доволно јасно разграничување каде престанува борбата против терористите насилници и започнува сомнежот и прогонот за Муслиманите.

Европа како и Германија му се приклучија на американскиот курс: не само поради трансатлантската верност, туку и поради стравот по терористички напади во Мадрид и Лондон, како и поради сознанието дека во Хамбург живееле терористите познати како „спијачи“, а подоцна и поради случајот со „куфери бомби“ во германските возови кои не експлодираа само поради техничка грешка.

Во Европа, различно од Америка започнаа дискусиите за тоа како да се поставиме кон Исламот. Се поставува прашањето, дали муслиманското малцинство воопшто може да се интегрира во германското општетство. Или прашањето, дали исламот и демократијата се воопшто споиви? Се разви дискусија од која произлегоа и екстремни гледишта, како барањето за безусловна интеграција.

Тоа не придонесе кон решавање на проблемите. Ниту во кавгата околу карикатурите, ниту во расправата за спорниот говор на Папата во Регензбург. Проблемот не лежи само на европската, туку и на муслиманска страна. Овде но и надвор од Европа, до сега се разви недоволно јасна и разумна слика за односот кон Западот и неговиот општествен систем. Премногу бргу создаваните или само замислени осуетености се толкуваат како намерна дискриминација, што создава погодно тло за демагогија за „судир на култури“.

И покрај сите спротивставени аргументи, војна на културите не постои. Во најмала рака не онаму каде што овие култури живеат заедно. Како на пример во Европа. Секако дека постојат лудаци на двете страни кои ќе го нарушуваат животот на едни покрај други. Но, мнозинството има поинакво мислење. Растечкото муслиманско малцинство не сака да ја исламизира Европа, а немуслиманското мнозинство најчесто е доволно разумно и нема да бара малцинството да се одрече од својот идентитет. По тоа двете страни мора да пронајдат компромисни решенија и да покажат почит и да се научат на толеранција.

Само така може да успее заедничкиот живот. Се на се тоа успева само во Европа. И во Германија. И никој не е ослободен од должноста кон оваа тема да се однесува со свесна одговорност. Оние кои ги кршат тие правила поради непромисленост или намерно, постојано треба да се опоменуваат.