1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судирот е надминат, Хејгел е потврден за министер

Американскиот претседател Барак Обама успеа да го спроведе своето. По неколкунеделен спор, Сенатот го потврди на функцијата министер за одбрана Чак Хејгел.

Чак Хејгел беше именуван за министер за одбрана на САД со 58 гласови „за“ и 41 „против“. Обама го презентираше поранешниот сенатор од Небраска за наследник на Леон Панета, кој заминува во пензија. 66-годишниот Хејгел е републиканец, но против него има отпор во партијата.

Со недели одлуката на американскиот претседател да го назначи Хејгел за министер за одбрана беше предмет на судир со републиканците. Водечки конзервативни политичари се на мислење дека ветеранот од Виетнам, Чак Хејгел, е препопустлив кога станува збор за интернационални конфликти. Тој навистина важи за човек кој стратешки размислува како американскиот претседател: дијалог со непријателите на Америка, воена сила само како последно средство. Таков начин Хејгел преферира и во односот со Иран. Поради тоа, голем број негови партиски колеги се лути.

Хејгел го критикуваше Израел и се изјасни против санкции врз Иран. Своите позиции потоа ги корегираше во постапката за потврдување на функцијата и рече дека режимот на имамите во Техеран е „голема закана“. Сепак, голем број републиканеци до крајот беа против него. Во писмо до Обама, 15 сенатори побараа тој да ја повлече номинацијата на Хејгел „во интерес на националната безбедност“.