1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судири на протестите на студентите во Чиле

Конфликтот околу образовната политика во Чиле повторно ескалираше. Откако пропаднаа разговорите меѓу претставниците на студентите и владата, на протестите во Сантјаго дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

default

Полицајците употребија водени топови и солзавец за да спречат поголеми собири на студентите. Демонстрантите, пак, фрлаа со камења и ги палеа барикадите. Во судирите се повредени 30 лица, од кои 25-мина се полицајци. Освен тоа, уапсени се околу 135 лица.

Лидерката на студентите Камила Валехо повика на нови протести на 19 октомври и го осуди насилството против демонстрантите, нарекувајќи го неприфатливо. Студентите во Чиле со месеци бараат укинување на студентските такси во училиштата и на уноверзитетите, како и сигурни стипендии за сиромашните студенти. Студиите во Чиле чинат годишно околу илјада долари. За да го финансираат своето школување, најголемиот дел од студентите се приморани да земаат кредити. Минатата недела, претседателот Себастијан Пињера најави дека буџетот за образование наредната година ќе биде повисок за 7,2%. Финанасиската поддршка за сиромашните ученици треба да биде зголемена за 21%. Според претседателот Пињера, факултетите ќе располагаат со фонд од четири милијарди долари.

Автор: ЕМФ/дпа/дв/епд

Редактор: С. Недевски