1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судири меѓу протестантите и католиците во Белфаст

Во судири меѓу протестантите и католиците со полицијата во Белфаст се повредени деветмина полицајци.Ескалацијата ја предизвика мала група членови на протестантскиот „Портокалов ред“ за време на парадата на 12. јули.

Немирите избувнаа во реон што е населен со католици, пред крајот на првиот ден од традиционалните, летни маршеви на припадниците на протестантскиот „Ред на портокаловите".

Судирите меѓу католиците и протестантите, се случија откако целиот прв ден од маршевите низ Белфаст и низ другите северноирски градови помина без поголеми инциденти, на задоволство на главните политички партии кои веруваа дека овојпат нема да се повторат сцените од минатите години. Ваквото расположение беше поттикнато од неодамнешната, прва средба на британската кралица Елизабета со Мартин Мекгинис, заменик прв министер на

Unruhen in Belfast Nordirland 2009

Судирите често се проследени со палење автомобили и фрлање тули и шишиња

локалната влада и поранешен командант на ИРА, како и по уверувањата од „Редот на портокаловите" дека годинешниве маршеви се „помирливи“, затоа што се означени како „празник на Портокаловите“, а не како досега, како одбележување на „победата и славата“.

Ситуацијата се измени откако една од колоните на маршот одлучи, сепак, да помине низ еден католички кварт, што беше доволен повод за почеток на пресметка меѓу припадници на двете верски заедници. Кога интервенираше полицијата, катличките демонстранти ги нападнаа силите на редот, фрлајќи запалливи бомби, камења, тули и шишиња. Најнасилните почнаа да палат автомобили, па полицијата употреби водени топови.

Alltag in Nordirland Belfast

Белфаст - постојано сцена на судири меѓу католиците и протестантите

Католиците потоа организираа свој марш, што предизвика реакција на протестантските демонстранти, а најекстремните меѓу нив, исто така, се судрија со полицијата.

Политичките лидери на унионистите во Белфаст, за избувнувањето на немирите ги обвинија дисидентите на поранешна ИРА.

Маршевите на „Редот на портокаловите“ почнуваат секоја година на 12 јули, на денот кога во 1690. година, војската на протестантите, предводена од кралот Вилијам од Оранж ја победила католичката војска на кралот Џејкоб втори. Протестантите инсистираат на маршевите како на една стара традиција, додека католиците сметаат дека станува збор за навреда и понижување за нивната заедница.