1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судири во Каиро

Во центарот на египетскиот главен град денеска (13.08) дојде до судири меѓу приврзаниците и противниците на соборениот претседател Мохамед Мурси.

Немирите во Каиро избија откако приврзаници на соборениот египетски претседател Мохамед Мурси биле нападнати за време на протестен марш кон зградата на Министерството за внатрешни работи. Приврзаниците на новата египетска влада фрлале со камења и шишиња кон следбениците на Мурси, врз кои подоцна и полицијата употребила солзавец.

Во маршот за поддршка на соборениот египетски претседател учествувале неколку илјади лица. Во Египет со денови се стравува дека може да избие ново насилство. Мурси беше соборен со воен удар на 3 јули и оттогаш новите власти ги држат во притвор на непозната локација, додека неговите следбеници речиси секојдневно протестираат барајќи тој да биде вратен на власт. За таа цел приврзаниците на Мурси направија два протестни кампа, за чие уривање преодната влада се‘ уште не донесла одлука. Се стравува дека доколку камповите бидат расчистени насилно, тоа би предизвикало жестоки судири меѓу безбедносните сили и исламистите, при што би имало многу жртви.