1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судири во Каиро со десетина загинати

Во безредија во Каиро загинаа најмалку 11 луѓе, а околу 50 се повредени. Издадена е наредба за вклучување на армијата во смирување на состојбата.

Портпарол на армијата соопшти дека за смирување на насилството во квартот Абасија во Каиро се испратени армиски единици. Која е причината за насилството засега не е разјаснето. Приврзаници на салафистот Хасем Абу Исмаил со денови демонстрираат во центарот на Каиро и бараат оставка на Воениот совет кој раководи со земјата по падот на Хосни Мубарак во февруари 2011 година. Постојат укажувања дека армијата можеби самата испраќа напаѓачи врз демонстрантите. Приврзаниците на двете страни, при судирите во текот на денешниот ден, фрлаа со молотови коктели и камења.

Воениот совет вети дека по изборот на нов претседател на земјата во мај, ќе ја предаде власта во рацете на цивилна влада. Состојбата во Египет, меѓутоа, е тензична откако десет од вкупно 23-ца кандидати за претседател беа исклучени од трката поради различни причини. Еден од нив е и салафистот Аби Исмаил. Тој беше исфрлен од игра поради тоа што неговата почината мајка имала американско државјанство. Кандидатите, нивните партнери и родители, мора да имаат египетско државјанство за да можат да се кандидираат.

Поради насилството во земјата, двајца од претседателските кандидати - Мохамед Морси од Муслиманското братство и исламскиот фундаменталист Абдел Монеим Абул Футух, најавија прекин на својата кампања. Морси изјави дека „од солидарност со демонстрантите“ ќе ја прекине изборната кампања 48 часа, додека Футух својот прекин го ограничи на еден ден. Предизборната кампања официјално почна во понеделникот (30.04). Воениот совет има намера да ја предаде власта во рацете на новиот претседател на крајот на јуни.