1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судири во Египет по прогласувањето на резултатите

Гласачите во Египет ќе бираат меѓу претставник на стариот режим и исламист во вториот круг на претседателските избори. Во Каиро и други градови избувнаа протести.

Во вториот круг на претседателските избори во Египет, кои ќе се одржат на 16 и 17 јуни, ќе учествуваат кандидатот на исламистичкото Муслиманско братство Мохамед Морси и последниот премиер од времето на режимот на Хосни Мубарак, Ахмед Шафик. Двајцата кандидати по првиот круг гласање добиле по нешто повеќе од 5,5 милиони гласови од 50 милионското гласачко тело. Излезноста на изборите била околу 46 проценти.

Proteste Kairo, Wahlkampfbüro des Kandidaten Schafik gestürmt, Ägypten

Протести во Египет по објавувањето на резултатите

По објавувањето на резултатите, во повеќе египетски градови доцна синоќа избувнаа протести, а запален бил и изборниот штаб на Шафик во Каиро. Засега нема информации за жртви или повредени.

Протестите ги предводеле поддржувачи на либералниот кандидат кој не успеа да влезе во вториот круг, како и поранешни револуционери кои беа на чело на демонстрациите против режимот на Мубарак.

Тие велат дека не сакаат да бираат меѓу авторитарна и теократска држава.