1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Судири во Газа

Судирите меѓу спротивставени палестински фракции не запираат и покрај апелите на политичките фактори. ОН ќе го разгледаат прашањето околу испраќање на меѓународни сили во појасот на Газа

default

Борци на Хамас

Исламските борци на Хамас според последните информаџции речиси целосно ги истиснале силите лојални на Фатах од појасот на Газа. Агенциите и во текот на ноќта јавуваат за престрелки и ракетни напади и покрај фактот што претседателот Махмуд Абас и премиерот Исмалил Ханија во телефонски разговор се договориле за прекин на огнот. Во последното деноноќие се јавува за 33 загинати лица, или вкупно 80 од минатата сабота. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека ќе разговара со членките на советот за безбедност по барањето на Абас за распоредување на меѓународни сили во појасот на Газа.

“ Ова е лудило. Ова безумие кое се случува во појасот на Газа е одговорност на соите. На сите страни, на сите оние кои земале оружје во рака“ изјави Абас

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Хавиер Солана изјави дека доколку биде побарано учество на европски сили, предлогот би бил разгледан.

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост заради ситуацијата во појасот на Газа. Во телефонски разговор со палестинскиот лидер Махмуд Абас и израелскиот премиер Ехуд Олмерт, таа ја повтори поддршката на мировните напори. Официјални претставници во Берлин соопштија дека Олмерт изразил подготвеност за продолжување на соработката со Абас

Еврокомесарот за надворешна политика Бенита Фереро Валднер побара итен прекин на огнот:

“ Бараме итен прекин на огнот во Газа и на западниот брег. Мораме силно да ја подджиме владата на национално единство, која мора да продолжи натаму да работи“ изјави Валднер

Инаку Европската комисија и земјите членки на Унијата во минатата година донираа околу 700 милиони евра помош за палестинците, за хуманитарни проекти и функционирање на владата. Брисел е свесен дека се потребни директни инвестиции во новата инфраструктура. Меѓутоа јасно дава до знаење дека за тоа е потребно формирање на влада на национално единство и крај на судирите меѓу спротивставените фракции.