1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судири во Бахреин за време на Ф1 тренингот

Додека најдобрите светски пилоти се натпреваруваат на патеката во Бахреин, низ земјата се одвиваат жестоки судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили.

Во Бахреин денеска избија нови жестоки судири меѓу безбедносните сили и продемократските демонстранти во земјата, паралелно со почетокот на квалификациите за Формула 1 трката, која се одржува викендов. Агенциите јавуваат дека протестите засега се ограничени само на селата во околината на патеката каде се вози трката, откако властите забранија демонстрации во главниот град Манама. Мнозинските Шиити во Бахреин протестираат речиси една година барајќи заминување од власт на сунитскиот монарх од династијата Ал Калифа.

Одржувањето на трката минатата сезона беше откажано поради масовните протести, но годинава првите луѓе на Формула 1 одлучија Гранд-при настанот да се одржи и покрај жестокото противење на организациите за заштита на човековите права и повеќе западни влади.

Bahrain Manama Demonstration

Протести во Бахреин

Во средата вечер возило на тимот Форс Индија било погодено со молотов коктел од страна на демонстрантите, но никој од членовите на делегацијата не бил повреден. Двајца од членовите на тимот кои биле во возилото, во меѓувреме побарале и добиле дозвола да си заминат од Бахреин.

Првиот човек на Формула 1 натпреварувањето Берни Еклстон тврди дека состојбата во заливското кралство е безбедна и дека нема причина да се откаже трката. Со слични изјави во јавноста излегоа и првите луѓе на владата во Бахреин.