1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Судирите меѓу Либан и Израел се се пожестоки

Се отворија неколку фронта. Израелските авиони ноќеска повторно го бомбардираат главниот град Бејрут.

Израелски тенкови на границата со Либан

Израелски тенкови на границата со Либан

Јужното предградие на главниот либански град, кое се смета за упориште на Хезболах е целосно разорено. Армиски портпарол соопшти дека израелакста авијација гаѓала 70 цели во текот на ноќта. Израел ја прошири и копнената инвазија. Продолжуваат борбите на југот на Либан каде се стационирани 10 000 војници. Според информациите од теренот, таму се борат на пет фронта. Во последниве 24 часа Хезболах истрелал над 230 ракети од источен Либан кон Израел. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт изјави дека акцијата ќе продолжи се додека не се стационираат меѓународни мировници на теренот. Тој е горд на вчерашната акција на специјалците во која беа заробени членови на Хезболах:

„Многу сум горд на оваа операција. Постигнат е одличен резултат.“

Израелската армија останува на ставот дека целата офазива е да се притисне Хезболах и да се расчисти теренот за меѓународните мировни сили. Олмерт побара и од меѓународната заедница да изврши притисок за спроведување на резолуцијата на ОН со која се бара целосно разоружување на Хезболах, додавајќи дека тие веќе доста ја ослабеле воената моќ на шиитските милиции.

Утринава се појавија и резултатите од истрагата од бомбардирањето во селото Кана во кое загинаа над 60 лица. Израелската армија соопшти дека зградата полна со цивили е погодена по грешка, но го обвини Хезболах за користење на живи штитови. Во официјалното соопштение потпишано од армискиот генерал Халуц, стои :

„Ако имавме информација дека таму има цивили никогаш немаше да го гаѓаме објектот. Но, Хезболах поставува цивили како одбрамбен штит меѓу нас и нив, додека нашата армија се става како одбрамбен штит за израелските граѓани од теророт на Хезболах“.