1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Судиите се исправија пред плановите за штедење

Високо задолжената Португалија мора да заштеди милијарди евра. Владата затоа сакаше да отпушти државни службеници под одредени услови. Највисокиот суд меѓутоа тоа го смета за противуставно.

Владата на премиерот Педро Пасос Коелјо планираше, одреден број на административци прво да ги испрати на преобука. Доколку државните службеници потоа не најдеа соодветно работно место, ќе можеа да бидат отпуштени. Овој план за штедење ќе значеше губење на работното место за илјадници административци, смета Уставниот суд (на насловната фотографија). Планираниот закон ја крши „гарантираната безбедност на работното место“ за државните службеници, соопшти претседателот на судот, Жоаким уса Рибеиро.

Од оваа мерка на владата ќе беа погодени околу 30.000 од околу 500.000 административни места. Службениците кои ќе беа погодени ќе требаше една година да учествуваат во програмите за преобука за други места. Во тој период ќе требаше да се откажат од повеќе од половината од своите примања. Доколку службениците по една година и покрај преобуката не најдат соодветно вработување, тие ќе можеше да бидат отпуштени од работа. Владата на овој начин сакаше да заштеди повеќе од 890 милиони евра во рок од три години.

Одлуката на судиите е нов удар за португалската влада. Уште на почетокот на април годинава Врховниот суд на земјата стопираше четири од деветте планирани мерки за штедење.

За пакетот помош од вкупно 78 милијарди евра владата се обврза до крајот на 2014 година да заштеди речиси пет милијарди евра. Од мај 2011 година меѓународната Тројка (ЕУ, ММФ и ЕЦБ) ја поддржува Португалија со кредити.

Кредиторите бараа опсежен реформски курс, кој како и кај други високозадолжени евро држави е поврзан и со резови за населението. Најсиромашната земја на Западна Европа оваа година повторно оди во правец на рецесија, што ќе биде трета година последователно.