1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Судбоносен ден за Македонија

"Добриот пастир" како што еднаш го нарече "Берлинер Цајтунг", македонскиот претседател Борис Трајковски е мртов. Неговиот живот згасна токму денеска кога Македонија решително сакаше да зачекори по својот пат кон Европа и во Даблин да постави официјално барање за членство во ЕУ . Документот што денеска во Даблин требаше да и биде предаден на ЕУ беше последниот официјален, што го носи потписот на Трајковски кој ангажирано работеше и се залагаше за членство на Македонија во ЕУ. Македонија но и светот загубија претседател, кој во историјата ќе остане познат како оној кој на македонската држава сакаше да и даде голема шанса да стане заедничка држава на сите граѓани.

Борис Трајковски го замени на функцијата претседател на државата харизматичниот татко на македонската нација, првиот претседател на независната држава Киро Глигоров. Како негов наследник Трајковски доби тешко наследство дека мора да се мери со својот претходник. Исто како и Глигоров и Трајковски го застапуваше ставот дека Македонија неможе да преживее без подрамнување на интересите меѓу македонското мнозинство и албанското малцинство. Тој стана претседател на државата во октомври 1999 година кога во повеќе националната Македонија владееше длабока недоверба меѓу Македонското мнозинство и Албанското малцинство. Гласовите на Албанците од западна Македонија овозможија Трајковски да извојува победа на претседателските избори.

Борис Трајковски кој во конфликтите на Балканот секогаш бараше измирување стана меѓународно познат кога за време на Косовската војна како заменик министер за надворешни работи го критикуваше однесувањето на меѓународната заединица. Тој на меѓународните политичари им префрли дека ја оставија Македонија на цедило со 350.000 бегалци од Косово. Храброст и далековидост тој покажа и со својот говор во 2001 година кога во говорот пред собранието побара да се ратификува реформниот пакет од Охрид за да се разреши конфликтот меѓу Албанците и Македонците. Тоа е единствениот пат земјата да се спаси од катастрофа . Трајковски говореше во приолог на Охридскиот договор и го истакнуваше неговото значење како најдобар можен компромис. На тој начин тврдеше Трајковски ќе се зачува територијалниот интегритет на Македонија, ќе се овозможи развој на државата во правец на граѓанска држава, а ќе се намали етничкиот карактер на неговите институции и ќе се премостат постојните разлики меѓу народните групи што се однесува до јазикот и образованието. Исто така, тврдеше Трајковски, Охридскиот договор ќе овозможи изградба на демојкратија на локално ниво со што на општините ќе им се даде поголема одговорност. Трајковски често се соочуваше со критиката на своите македонски сонародници затоа што се грижеше изразено за проблемите на албанското малцинство во земјата. Во таа улога тој доживеа голема метаморфоза и од првобитно изразениот националист израсна во почитуван преговарач со Албанците. Неговиот став беше јасен:

"Ниту е можно, ниту е на место да се создаваат хиерархиски односи што едниот го поставуваат над другиот. Нема големи и мали култури, нема важни и неважни цивилизтации, нема важни и неважни јазици, религии, затоа што нема важни и помалку важни човечки суштества."

Борис Трајковски беше воздржан и скромен човек. Роден во 1956 година во Струмица. Претседателот Трајковски многу добро знаеше дека како претседател стана клучна фигура во една балканска драма. Веќе за време на парламентарните избори во 98 година неговата партија ВМРО ДПМНЕ ги победи Социјал - демократите и ги замени на власта. Изненадувачко беше и тоа што наизглед најголемиот противник, албанската партија ДПА стана коалиционен партнер на неговата ВМРО. Трајковски доцна се вклучи во политичкиот живот. Како татко на две деца по завршувањето на правниот факултет работеше во една градежна фирма. На почетокот неговата политичка неискусност и неговиот симпатичен начин на однесување повремено оставаа впечаток дека како политичар тој одвај може сериозно да биде сватен. Тој и припаѓаше на методистичката црква и важеше како свештеник. А што може да се очекува од проповедник токму во време на војна на Балканот? Но Трајковски секогаш покажуваше оптимизам и тогаш кога ги пресретнуваше западните политичари. На Солана и на другите им реков : "Јас сум богат претседател, Јас сум претседател на осум различни етнии". Таквата разновидност ме прави богат велеше често Трајковски. А токму тој период експертите за Балканот со оглед на насилството во Македонија сметаа дека петта балканска војна е неизбежна. Без Трајковски денеска ќе ја немаше спогодбата меѓу Македонците и Албанците. Негова посебна заслуга е и ангажманот за зачеленување на Македонија во ЕУ .Тој веруваше во Македонија како дел од Европа. Тоа требаше денеска и формално да биде зацементирано во Даблин. За време на неговата последна посета на Германија тој од канцелареот Герхард Шредер доби јасен сигнал дека ќе ја подржува Македонија на нејзиниот пат кон Европа .

"Од сите соговорници со кои имав можност да разговарам, од германска страна беше констатиран видниот напредок кој го прави Република Македонија во однос на многу клучни области, тековни и структурни реформи. Од нивна страна бевме охрабрени да продолжиме во тој правец особено и од страна на канцеларот Шредер беше тоа многу јасно нагласено дека Македонија прави еден многу виден стратешки напредок и се движи во позитивна насока. Од она што тој можеше да констатира од претходниот период а и исто така од нивна страна тие покажаа разбирање за она што е и наша аргументација или пак дури и размислување по однос на преземање на следните чекори во однос на нашиот стратешки избор а тоа е поднесувањето формално на апликацијата за членство во ЕУ"

За жал Трајковски неможеше да ужива во плодовите на политика. Македонскиот народ, Европа и светот загубија претседател кој молчаливо и скромно постави големи знаци во балканската политика .