1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судбински избори во Грција

Во презадолжената Грција почнаа предвремените парламентарни избори. Гласањето би можело да биде пресметка со курсот на штедење на владата.

Речиси десет милиони граѓани со право на глас до 18 часот по локално време решаваат за тоа дали високо задолжената земја на ЕУ ќе продолжи со програмата на штедење и ќе остане партнер од доверба во еврозоната или не. Првичните резултати се очекуваат околу 19:30 часот по средноевропско време.

Според анкетите, најсилна партија по гласањето би можела да биде конзервативната Неа Демократија на екс министерот за надворешни работи Антонис Самарас. Но и таа, исто како и социјалистичкиот ПАСОК, мора да смета на големи загуби на гласови. Се очекува, двете најголеми партии, кои по крајот на воената хунта во 1974 година се менуваат на чело на владата и од ноември 2011 година се дел од преодната влада на Лукас Пападимос, да бидат казнети поради ригорозната политика на штедење, наметната од страна на ЕУ и ММФ. Многумина избирачи се незадоволни и поради сивата економија и корупцијата присутни во земјата во последната деценија и кој ја доведоа земјата до дно.

На изборите, инаку, настапуваат 32 партии, од кои дури десет имаат шанси да влезат во парламентот. Голем полет имаат пред се‘ екстремните партии на левиот и десниот крај од политичкиот спектар. Тие бараат крај на реформската програма, која од милиони Грци бара тешки жртви. Првпат, цензусот од три проценти за влез во парламентот би можела да го премине и неонацистичката партија Хриси Авги. Шанси имаат и неколку помали левичарски партии, како и радикалната Сириза.

Во игра е опстанокот во еврозоната

Ова се први избори по избивањето на тешката финансиска криза. Тие беа распишани откако на крајот на 2011 година социјалдемократскиот премиер Јоргос Папандреу поднесе оставка. Оттогаш преодната влада, чиј дел се ПАСОК и Неа Демократија, ја води финансискиот експерт и поранешене потпретседател на Европската централна банка, Лукас Пападимос. Преодната влада успеа да издејствува отпишување на дел од долгот на Грција и втор пакет меѓународна помош.

За преговори со финансиските донатори Грција треба итно да добие стабилна влада. Веќе во јуни новиот парламент во Атина ќе мора да одлучува за натамошни заштеди од 11 милиајрди евра. Тоа е предуслов за натамошна европска поддршка за земјата и нејзино останување во еврозоната.

Поврзана содржина