1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Судбината на хероите во рацете на фановите

Прочитавте книга или гледавте филм, но не сте сосема задоволни од крајот. Што би направиле кога би можеле да го промените текот на настаните на најновиот филмски хит „Самрак“, на прмиер? Денес и тоа е можно.

default

Приказните за вампири секогаш будат интерес

Вампирот Едвард ја прашува Бела во филмот „Самрак“: „Се плашиш?“ „Не“, одговора таа. Младата Бела Свон нема од што да се плаши. Точно, нејзиното момче е вампир, но тој се одрекол од човечка крв. Се чини како ништо да не и` стои на патот на големата тинејџерска љубов. Филмот „Самрак“ се базира на истоимениот роман на писателката Стефани Мејер, кој исто така постигна огромен успех, со продадени 26 милиони копии ширум светот. Ниту филмот не помина ништо полошо на кино-благајните. Само во викендот по неговата премиера во САД, „Самрак“ заработи повеќе од последниот филм за Џемс Бонд.

Приказната може да се надогради

01.01.2008 DW-TV Journal Wirtschaft Minireportage Computerspiele

За разлика од „обичните“ игри, во игрите на улоги играчот ја презема улогата на неговиот омилен херој

И во Германија „Самрак“ со недели доминира во кината и привлече цела армија фанови. Една од нив е Керстин Ајвен, шеснаесетгодишна ученичка од Келн. Нејзината воодушевеност од филмот ја инспирира да создаде компјутерска игра на улоги, посветена на главните јунаци од „Самрак“ и нивната приказна. Компјутерските игри на улоги се играат со најмалку двајца учесници. Во играта не треба да се остваруваат некакви мисии, да се решаваат задачи или да се борите. Наместо тоа, секој од играчите ја презема улогата на еден или повеќе ликови. Играчот испраќа текстуални пораки и кажува што прави неговиот лик. Некогаш разговара со другите соиграчи, или, пак, со водителот на играта. Водителот не е учесник во играта, туку ги води ликовите низ приказната, која само нему му е позната.

Токму оваа улога ја има Керстин, во нејзината игра „Самрак“. Целта на играта, како што вели таа, е да се разработи содржината на филмот и да се однесе во сосема друг правец. „Ова е одличен начин приказната да се надогради“, вели Керстин. „Навистина е интересно да се види што би направиле Едвард и Бела, ако дејството малку се промени. Како би реагирале другите ликови на оваа промена? Дали Викторија на крај ќе умре, или, пак, и понатаму ќе убива?“

Фановите сами решаваат

Ова ја исполнува желбата на многу читатели - конечно можат сами да решат како ќе се одвива дејството на нивната омилена приказна. Керстин, на пример, не е сосема задоволна од тоа како завршува делото на писателката Стефани Мејер. „На крајот излегува дека поуката од книгата е - омажи се веднаш по завршувањето на образованието, роди дете и ќе живееш богато и среќно до крајот на животот“, негодува Керстин, додавајќи дека во последната книга фасцинацијата се губи.

Простор за „испробување“ на младите

Vampir

За разлика од реалноста, во светот на фантазијата се знае кој е кој

На овој начин фановите можат и да го искажат своето несогласување со авторот. Во играта на улоги, судбината на ликовите се одредува „по желба“. Ама за сето тоа треба и време. Ако веќе сте се нафатиле да играте игра на ликови, морате и редовно да го правите тоа. Играчите во играта на Керстин, на пример, мораат да се вклучат најмалку двапати неделно. И покрај строгите правила, досега се пријавиле околу четириесетина играчи, кои одново ја прекројуваат судбината на ликовите од „Самрак“. Марен Вирфел, експерт од универзитетот во Лајпциг, објаснува зошто игрите на ликови се толку популарни: „Овие игри се поврзани како простор за ’испробување’ на младите. Тоа е поврзано со прашањето на идентитетот. Учесниците можат да се претстават како некој друг и на тој начин да видат како би се чувствувале во слична ситуација во вистинскиот живот. Тоа им помага да откријат дали во нив се кријат некакви потенцијали и им ја поттикнува самодовербата“, вели Вирфел.

Светот на фантазијата е јасно дефиниран

Притоа научна фантастика, како „Самрак“, посебно добро „им легнува“ на играчите. Марен Вирфел смета дека тоа е поврзано со потрагата по мистериозното и таинственото. Освен тоа, фантастичните приказни се најчесто јасно структуирани. Во нив сосема јасно се знае кој е добриот, а кој лошиот и како се соочуваат еден со друг, вели Марин Вирфел. „Тоа се релативно јасни, структури, односно да кажеме општествен правила во рамките на еден свет од фантазијата, кон кои младите полесно се прилагодуваат отколку кон тешките и копмлексни односи од секојдневието“, додава таа.