1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Судбината на „скандалозниот“ бискуп ќе се решава во Ватикан

Можно е Ватикан да го каже решавачкиот збор во скандалот со бискупот Тебарц-ван Елст. Тој самиот е во Рим, каде на разговори со папата Франсиско отпатува и претседателот на Германската бискупска конференција, Цолич.

Тебарц-ван Елст е со недели мета на критики поради изградбата на скапата бискупска резиденција и неговото однесување. Тој вчера, исто како и Роберт Цолич, отпатува во Рим, за да разговара со папата.

Бискупот Тебарц-ван Елст се реши да отпатува дури последниве денови, откако обвинувањата на негова сметка станаа се‘ погласни.„За бискупот е разбирливо само по себе одлуката за неговата бискупска служба во Лимбург да се најде во рацете на Светиот татко“, соопшти бискупијата.

Посетата на Ватикан на претседателот на Германската бискупска конференција, Роберт Цолич, напротив беше планирана уште пред подолго време. Кога ќе бидат водени разговорите со папата Франциско, не се знае.

„Огромен проблем на веродостојноста“

Цолич ја повтори критиката против бискупот од Лимбург, оценувајќи дека постои голем проблем на веродостојноста, при што шттеите ги трпи црквата во Германија, изјави тој за весникот „Билд“.

И бискупот од Трир, Штефан Акерман се дистанцира од Тебарц-ван Елст, алудирајќи на оставка: „Ситуацијата толку ескалираше, што мора да се каже дека бискупот Франц-Петер во основа не може да работи повеќе во Лимбург, изјави тој на ТВ АРД. Кога поддршката од верниците се осипува, еден бискуп не може да ја изврüува својата работа како свештеник.

Schlechte Stimmung im Bistum Limburg

Бискупијата Лимбург

Високите градежни трошоци биле познати одамна?

Околу високите трошоци за изградбата на бискупската резиденција во Лимбург на виделина излегуваат натамошни детали. „Франкфуртер ное пресе“ известува дека тие веќе од пред две години и‘ се познати на Бискупијата.

„Не може да стане збор за експлозија на трошоците, зашто се‘ што е планирано и спроведено во градбата до поединост беше разгледувано со порачувачот“, вели архитектот Михаел Фрилингхаус за весникот. Кога архитектонското биро во мај 2010. година ја презело порачката од Бискупијата, било јасно дека проектот нема да може да биде реализиран во рамките на тогашната јавно наведена сума од 2,5 милиони евра, истакнува архитектот.

Нема да бидат доволни 31 милион евра

Пред неколку дена стана јасно дека трошоците за резиденцијата на Тебарц-ван Елст во Лимбург ќе пораснат на најмалку 31 милион евра. Првично била споменуван само мал дел од ваква сума. Но, сега трошоците можат натамошно да пораснат, според извештај на „Билд ам зонтаг“, сумата за изградба може да стигне до 40 милиони евра поради штети во директната околина на резиденцијата, настанати како последица на градежните работи.

Бискупот од Лимбург се наоѓа под притисок и поради можна лажна изјава во врска со неговата посета на Индија. Државното обвинителство од Хамбург започна постапка против Тебарц-ван Елст.