1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Судбината на мојата земја е во ваши раце!“

Данската полиција денеска (13.12.2009) ослободи поголем дел од речиси илјадата уапсени демонстранти во Копенхаген. Илјадници луѓе учествуваа на саботните протести барајќи сеопфатен договор на самитот на ОН за климата.

default

Луѓе во сите краеви на светот демонстрираа за постигнување климатски договор еднаков за сите. Најголемите демонстрации се одржаа во Копенхаген, со протестен марш кој почна од данскиот парламент, а заврши пред центарот Бела, каде се одржува конференцијата за климата.

„Имам едно известување од полицијата. Кога ги планиравме демонстрациите, бевме сигурни дека ќе се соберат најмалку дваесет илјади лица, но се надевавме на шеесет илјади. Полицијата сега вели дека сме околу сто илјади.“

Шефот на организација „Гринпис“, Куми Наиду е воедно претседател на акцијата „Тик так тик так“, како симбол за климатскиот часовник кој не престанува да отчукува. Организаторите повикаа на масовни демонстрации токму на полувремето од конференцијата. Дали навистина беа присутни сто илјади учесници - никој не знае, битно е што цел свет не само што чека во Копенхаген да се донесат јасни решенија, туку и гласно ги бара.

Kopenhagen Klimagipfel Proteste

„Има преку четири илјади различни акции низ целиот свет, чија цел е на нашите политички лидери да им докажат дека со природата не се преговара и дека немаат право да си играат политички покер со иднината на нашата планета.


Каков договор ќе произлезе од Копенхаген?


Во центарот Бела, пак, делегациите од државите-учеснички преговараа околу заклучоците од првата недела. Во Копенхаген веќе пристигнаа неколку министри за животна средина, кои наредната недела ќе ги водат преговорите на повисоко ниво, пред на крајот од наредната недела шефовите на државите и владите да ги донесат конечните решенија,.

Дали од Копенхаген ќе произлезе правно обврзувачки климатски договор, еднаков за сите? За Тувалу, мала островска држава во Пацификот, како и за повеќето други островски и земји во развој, преговорите во Копенхаген значат преговори за нивната иднина. Вчера за збор повторно се јави Вилијам Фрај, водачот на делегацијата од Тувалу, кој во текот на минатата недела повеќепати ги прекинуваше преговорите, со цел да го разјасни прашањето дали договорот од Копенхаген ќе биде обврзувачки или не. Ова не го правам за себеси да се претставам, истакна Фрај од говорницата:

„Сакам да постои опцијата она што тука ќе го потпишат шефовите на држави и влади да биде правно-обврзувачки договор. Тоа е мојата најголема молба. Ние нашиот предлог го доставивме уште пред шест месеци. Пред шест месеци, а не во изминативе два дена! Судбината на мојата земја е во ваши раце.“

Proteste Kopenhagen Klimagipfel

Илјадници демонстранти во Копенхаген

Да не остане само на хартија

Претседателката на конференцијата и комесар на ЕУ за климатски прашања, Кони Хедегард, истакнува дека желбата на Тувалу е договорот што ќе биде постигнат во Копенхаген да не биде само убави зборови на хартија:

„И ние сакаме да се постигне правно-обврзувачки договор и затоа ниту една опција не е тргната од маса.“

Билансот од првата недела што ќе го извлечат делегациите ќе биде основа за преговорите на министерско ниво. Во Копенхаген веќе допатуваа министрите за животна средина на неколку држави, а со себе донесоа и политичка волја во Копенхаген да се постигнат политички решенија. Меѓутоа, според шефот на секретаријатот за климатски прашања на ОН, Иво де Бур, ова не е доволно, бидејќи често патот до пеколот е поплочен со добри намери. Затоа добрите намери мора да бидат и спроведени, а за ова сознание многу придонесоа и демонстрациите ширум светот:

Ни треба ангажманот на министрите за да бидеме сигурни дека ќе стигнеме до следното ниво, и што се однесува до преговорите и до целите. Само така можеме да бидеме сигурни дека шефовите на држави и влади ќе ги донесат решенијата, што луѓето ги бараат од нив.“

Автор: Хеле Јепесен. Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM