1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Судбината на германскиот заложник во Авганистан сеуште е неизвесна

*

Германското министерство за надворешни работи и натаму вложува интензивни напори за ослободување на германскиот градежен инжинер , киднапиран во Авганистан во минатата недела заедно со неговиот колега кој подоцна беше пронајден мртов . Во меѓувреме истокако и германската канцеларка Меркел и шефот на Социјалдемократската партија на Германија , Курт Бек смета дека треба да се размисли за испраќање на дополнителен број војници и полицајци во Авганистан. За весникот Билд ам Зонтаг тој изјави дека целта е да се стабилизираат тамошното општество и владата и да се доведат авганистанските безбедносни сили во состојба среднорочно самите да можат да се грижат за безбедноста на земјата. Наесен германскиот Бундестаг треба да донесе одлука за продолжување на мандатот на германските војници во Авганистан.