1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судан тврди дека Хеглиг е ослободен

Арапската лига за наредната недела свика итна седница на која ќе се дискутира за ескалација на војната меѓу Судан и Јужен Судан. Во меѓувреме, спорниот град Хеглиг повторно е под контрола на Судан.

Суданските борбени сили го „ослободија“ Хеглиг, соопшти денеска министерот за одбрана на Судан, Абдел Мухамад Хусеин, непосредно по објавувањето на веста од Јужен Судан дека се повлекува од тој регион. Претходно, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го повика Јужен Судан да ги повлече трупите кои ги окупираа нафтените полиња во областа Хеглиг. Јужен Судан на референдум минатата година прогласи независност, но се’ уште не се утврдени конечните граници со некогашната матична држава. Претседателот на Судан Омар ал Башир се закани со целосна воена акција против југот. Арапската лига за следната недела свика итна седница на која ќе се дискутира за ескалација на војната меѓу Судан и Јужен Судан.

Инаку градот Хеглиг се наоѓа во пограничниот регион на територија богата со нафта. Африканската Унија побара  повлекување на трупите на Јужен Судан од оваа област. Според одлука на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Хеглиг му припаѓа на Судан.