1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Судан не се осврнува на меѓународните апели за прекин на насилството

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун остро ги осуди воздушните напади, кои Судан ги изврши врз градовите Бентиу и Рубкона во јужносуданската сојузна држава Јунити.

Првиот човек на Светската Организација Бан Ки Мун побара од владата во Картум да ги прекине сите воени дејствија против соседен Јужен Судан.

„Во конфликтот меѓу двете соседни земји нема воено решение“, истакна Бан. Тој ги повика претседателите на Судан Омар ал Башир и на Јужен Судан Салва Клир да се откажат од натамошни конфронтации и повторно да воспостават дијалог.

Меѓународната заедница подолго време врши притисок врз двете земји да започнат преговори околу распламтениот конфликт околу пограничните територии богати со нафта. Суданскиот претседател Омар aл Башир не се осврнува на ваквите апели и за време на посетата на градот Хеглиг се закани со соборување од власт на владата во Јужен Судан, кој стана независна држава во минатата година.

Вчера суданската воена авијација изврши напади во јужносуданската сојузна држава Јунити и покрај тоа што претходно воените сили на Јужен Судан се повлекоа од спорниот град Хеглиг. Борбите околу Хеглиг беа најжестоки судири меѓу двете соседни држави од прогласувањето на независноста на Јужен Судан во јули 2011-та година.