1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Суданска владина делегација загина во авионска несреќа

Судански министер се наоѓа меѓу 31-то загинато лице во денешната авионска несреќа, кога воздухоплов со делегација падна во воено разделениот Јужен Кордофан. Делегацијата носела помош по повод празникот Рамазан.

„Сите лица во леталото се загинати“, изјави портпаролот на суданското воздухопловство Абделхафиз Абделрахим.

Меѓу загинатите е и министерот Гази ал-Садек. Според суданската новинска агенција Суна, авионот се срушил поради неповолните временски услови во планиската област во близина на суданскиот град Талоди, на околу 600 километри од главниот град на Судан Картум. Таа информација ја потврди и министерот за култура и информации Ахмед Билал Осман, кој рече дека „авионот се срушил во рид“, поради лошото време.

Делегацијата на суданската влада патувала од главниот град Картум во Талоди, каде требала да присуствува на одбележувањето на почетокот на тридневниот рамазански Бајрам, празникот со кој се завршува триесетдневниот свет месец на постот Рамазан.

Авионот Антонов од руско производство се срушил во процедурата за слетување во Талоди. Од градот и околината немаше извештаи во минативе недели за борби, но сепак тоа беше клучно боиште во војната што започна во јуни минатата година меѓу владата и етничките бунтовници од од суданското Народно либерално движење – Север. Портпаролот на бунтовниците Арну Хгтулу Лоди изјави дека неговите сили немаат никаква поврзаност со несреќата, која се случила надвор од територијата на бунтовниците. „Тоа е владина област“, објасни тој.