1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Суданската армија и бунтовниците се обвинуваат меѓусебно за нападот во Дарфур

*

Нападот врз кампот на меѓународните мировни сили на Африканската унија во суданската кризна провинција Дарфур наиде на широка меѓународна осуда. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, побара казнување на извршителите, а Африканската унија нападот го нарече страшен. Слични изјави дадоа и министрите за надворешни работи на Велика Британија и франција. За нападот одговорноста меѓусебно си ја префрлаат суданската армија и бунтовниците во Дарфур. Во нападот беа убиени десет војници припадници на сините шлемови. Според последните податоци, повредени се осуммина војници, а 40 војници се водат како исчезнати. Се претпоставува дека војниците се киднапирани.