1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Сувенирите на ЕП - бизнис за себе

Во големата машинерија наречена Европско фудбалско првенство сакаат да се вклучат многу бизнисмени и трговци. Да добијат малку од сјајот на манифестацијата и по можност да извлечат пари од џебовите на публиката.

default

Перики, очила, чанти - широка палета понуди

Европското првенство во фудбал го следи цела палета понуди: од леб во форма на фудбалска топка, чанти од вештачка трева, машки шорцеви на кои стои натпис Статива или игра со раце...

Очила што ги кријат солзите

Имаме очила за сонце со швајцарско знаме на стаклата. Извонредна заштита од сонце, а не се гледаат ни солзите ако потечат кога губат фудбалските идоли. Имаме и мала швајцарска

Fussball EM 2008 Fan Schweiz

Во боите на швајцарското знаме

крава, црвена со бел крст, која победнички се смешка, вели една продавачка на сувенири.

Можеби оваа крава ќе биде прва на листата омилни сувенири на неофицијалниот натпревар меѓу Австрија и Швајцарија. Австријците нудат вазни во форма на златни патики, фудбалски топки од кои расте трева. Може да се најде и мини трико за компјутерскиот глушец или пак украс за коса со ресички.

Голема заработувачка од продажбата на знаменца

Фридрих Бауер е шеф на фирмата Митрако која е официјален партнер на Австрискиот фудбалски сојуз. ЕП му донесува дополнителни триипол милиони евра. Најголем дел од заработувачката доаѓа од продажбата на знаменца, но и други класични сувенири „500 илјади бои за лице, труби, капи и слични дребулии кои одлично се продаваат.“

Trix und Flix Maskottchen Fussball EM 2008

Трикс и Фликс не се омилени сувенири

Полошо му оди на официјалниот маркетинг на ЕУФА. Еден голем синџир супермаркети уште пред два месеци почна да ги продава скапите дресови, чантите и шаловите по половина цена. УЕФА не отстапува од монополот па на местата предвидени за навивачи често има само една продавница за сувенири. „Ние едноставно сме банана република и уште не сме се разбудиле. Премалку сувенири, премал избор. Веројатно го потценија овој настан, вели еден огорчен трговец.

Едно е сигурно на ова европско првенство, последното место на листата најдобри сувениир е резревирано за официјалната маскота на ЕП за која лиценцата ја има само УЕФА.

Поврзана содржина