1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Субрата Рој ослободен од „систематски преглед“

Странските инвеститори чиј кредибилитет е поткопан со официјални акти на државите од кои потекнуваат, задолжително треба да бидат мониторирани, сугерираат експертите

default

Надлежните институции нема да го испитуваат кредибилитетот на индискиот милијардер Субрата Рој, кој презентираше план за инвестиции од 250 милиони евра во туристички комплекс на копно и вода во охридското село Љубаништа. Фактот дека Рој е казнет од Врховниот суд на Индија со 4,5 милијарди американски долари заради измама на 30 милиони индиски штедачи, за македонската влада не е пречка тој да ги реализира инвестициите во Охрид. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, неодамна потврди дека индиската инвестиција ќе биде реализирана и дека досега се е во најдобар ред.

„Се друго е прашање на правниот систем и регулативата во Индија. Она што нас не интересира, е компанијата „Сахара" да ја реализира инвестицијата така како

Mazedonien Land und Leute Finanzminister Zoran Stavreski

Зоран Ставрески

што ја договараме", изјави Ставрески.

Задолжителен мониторинг

Според експертите, има два клучни моменти што треба да ја засегаат Македонија. Првиот е можен влез на сомнителен капитал, а вториот - дали земјата создава имиџ и амбиент да биде атрактивно место за реномирани или за сомнителни инвеститори. Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспарентност - нулта корупција" вели дека не е неважно какви инвеститори доаѓаат, особено ако некој од нив има проблеми во матичната држава.

„Ако Рој сепак вложи во Македонија, тогаш постојат механизми да се мониторираат овие инвестиции. Надлежните институции треба да го проверат капиталот, зашто ако тој потекнува од сомнителни активности, во иднина може да подлежи на конфискација", предупредува Тасева.

Домашното искуство покажува дека контролните механизми во Македонија

Subrata Roy Sahara

Субрата Рој

затајуваат. Таков беше случајот со „Маѓар Телеком", компанија, која пред да влезе во Македонија немаше сомнителен бекграунд, па контролните механизми изостанаа, а злоупотребите ги откри регулаторот во САД.

Ване Цветанов, поранешен директор на Дирекцијата за спречување на перење пари, која од февруари годинава прерасна во Управа за финансиско разузнавање, вели дека токму оваа институција е надлежна за контрола и мониторирање на капиталот.

„Македонија е членка на комитетот 'Манивал' на Советот на Европа и е под негов мониторинг. Борбата против перење пари се води преку однапред дефинирани меѓународни критериуми и обврски. Ако не се направат сите неопходни проверки пропишани во правилниците на Управата, Македонија може да претрпи сериозни последици - предупредува Цветанов.

Не дозволувајте да ве измамат

Индиските медиуми деновиве пишуваат за ново затегнување на односите меѓу казнетата „Сахара" и државниот финансиски регулатор СЕБИ.

Radozda am Ohrid See Mazedonien

Охридско езеро

„Откако добил сознанија дека „Сахара" сака тајно да ги отплати измамените штедачи, регулаторот СЕБИ публикувал специјален додаток во весниците под наслов: „Не дозволувајте да ве принудат и да ве измамат" (Don't be forced, Don't be fooled)". Целта е да се едуцираат штедачите да не го прифаќаат предлогот на „Сахара" тајно да бидат исплатени, а потоа да ги префрлат своите влогови на сметки на други компании во таа групација, бидејќи тоа ќе биде нова измама", објави весникот „Фрст пост". Како што пренесе „Ројтерс", законските инструменти што му стојат на располагање на СЕБИ се замрзнување на банкарските сметки и конфискација на имотот на „Сахара".

По ваквите сознанија, но и по укажувањата на експертите, предупредувањето Don't be forced, Don't be fooled не би требало да важи само за граѓаните на Индија.