1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Субвенциите на ЕУ во аграрот

Изминаа 11 години од завршувањето на една од рундите за светската трговија. Од 2001 тече таканаречената Доха рунда. Според неа, пред се на земјите во развој требаше да им се олесни пристапот до пазарите на индустриските земји и требаше да заврши годинава.

Претседавачот на ЕУ Блер

Претседавачот на ЕУ Блер

Меѓутоа, на решавачката конференција на министрите во мексиканскиот град Канкун во септември 2003 се покажа дека токму трговијата со земјоделски производи – од решавачко значење за земјите во развој – ги дели позициите меѓу богатите и сиромашните. Кон средината на декември во Хонгконг треба да се постават нови основи со продолжување на Доха рундата до крајот на идната година. Меѓутоа, повторно дојде до ќоросокак, посебно околу намалување на субвенциите во аграрот. Во наредниов извештај се покажува колку само Европската унија го обезбеди својот пазар против каква и да е конкуренција:

Токму во моментите кога претседателот на Европската комисија Жозе Барозо сакаше да го му се обрати својот гостин од Африка како брат, кога Омар Конаре, претседател на Африканската унија жестоко ја нападна Европската унија. На пазарите на Африка прехранбените производи од Европа често се поефтини од домашните, ги осуди Конаре последиците од европските аграрни субвенции. Директна последица од тоа е зголемената сиромаштија во голем број региони на Африка:

„Во моментов во Африка постои слабеење и осиромашување чии причини се познати и тоа мора да се прифати. Знам дека е потребно време. Но, се додека постојат аграрните субвенции, се дотогаш ќе нема африкански пазар, туку проблемот може само да се влошува„.

Европската унија своето земјоделство го штити на 4 нивоа. Прво, европските земјоделци добиваат таканаречена директна помош, значи пари за секое говедо или секој цент жито, иако во 2003 таа помош значително беше редуцирана. Место тоа парите беа насочени во друго лонче субвенции: во фондот за развој на земјоделските површини. Основата на оваа реформа значи дека селаните ќе добиваат пари ако се грижат за земјата со заштита на околината за да спречат нејзино загадување. Прекумерното производство пак има трет вид заштита: субвенции за извоз. Европските селани добиваат од Европската унија паричен надомест ако своите производи ги продаваат по пониска цена од светскиот просек. Токму овие субвенции се причината што европската храна во Африка е поефтина од домашната. Тоа е уништување на африканскиот пазар, критикуваше Омар Конаре. Четвртото ниво на протекционизам се високите царини за увозот на производи што не потекнуваат од ЕУ. Унијата е подготвена да ги намали царините и извозните субвенции до колку земјите во развој ги отворат своите пазари за европските индустриски производи и услужни дејности. Пат – позиција пред министерската средба на Светската трговска организација во Хонгконг.