1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Студот ја „стега“ Европа

Властите во повеќе источноевропски држави објавија дека изминативе денови повеќе од 20 лица починале како резултат на големите студови, а стотици побарале медицинска помош.

default

Украинската влада соопшти дека 18 луѓе починале од студ во изминативе денови, откако земјата беше зафатена од поларен бран. Во Полска од премрзнатост починале десет лица. Поради тоа, отворени се дополнителни

Sprachbar Deutschkurse Eiszapfen

прифатни места за бездомниците. Четири лица починале, а две се сметаат за исчезнати како последица на големите студови во Србија и Бугарија. Во Бугарија најстудено беше во Чирпан, каде температурата падна на минус 24 степени. Првата жртва на студот во Македонија, синоќа била регистрирана во мариовскиот регион.

Студениот бран од Сибир предизвика спуштање на температурите и во Германија. Денеска во делови од земјата се измерени температури од минус десет степени.

Автор: БГ/ЕМФ/ап/дпа

Редактор: Е.М.Фиданоска