1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Студија за миграција

Милиони луѓе во целиот свет се во потрага по работа. Сон што инспирираше голем број луѓе од Источна Европа и Централна Азија на тешка работи во странство, а потоа, некогаш успешно да се вратат дома. Ова посебно се случува токму во последните децении по крајот на комунистичката ера. Светската банка деновие објави нова студија која ги објаснува причините за миграцијата во потрага по работа.

Миграција

Миграција

Русија на прв поглед не е класична имигрантска земја. Сепак, таму живеат 13 милиони мигранти. Со тоа Русија на меѓунарден план се наоѓа на второто место. Повеќе мигранти има само во САД: 35 милиони. Германија со нешто повеќе од 7 милиони, се наоѓа на третото место, следена од Украина. Со Казахстан на 9-тото место, уште една земја од поранешниот Советски сојуз се наоѓа меѓу првите десет. Најголемиот број мигранти од државите на Заедницата на независни држави доаѓаат од подрачјата на поранешниот Советски сојуз, вели Вилем ван Еген, економст од Светската банка:

„Еден дел од нив се повразни со повторното вклучување во општетсвото по крахот на Советскиот сојуз. Луѓе што живееле во Русија, а потекнувале од Грузија, се враќаат во Грузија. Меѓутоа, многу интересно е тоа што има многу движења во различни насоки кои одвај можеа да се очекуват„.

Многу луѓе во потрага по работа, се доселуваат во руските метрополи. Така на пример, бројот на жителите во Москва во деценијата по крајот на комунизмот, од милион ипол порасна на десет ипол милиони. Се раѓаат и таканаречени градови духови кога луѓето во потрага по работа, ги напуштаат своите градови, вели Ван Еген. Мигранти од Киргистан, Таџикистан, Ерменија, Грузија, па дури и од Кина не одат само во Русија, туку и во богатиот со суровини Казахстан. Стотици илјади од Русија заминуваат во други држави на Заедницата на независни држави или кон Западна Европа, меѓу нив и Германија. Ниту една друга држава, според Ван Еген, не потпишала толку билатерални договори за регулирање на миграцијата како Германија. Овие договори се еден од начините да се спречи илегалната миграција, но не се ниту лековито средтсво:

„Голем дел од стапките што се наведени во тие договори не се постигнуваат. Обајснувањето е едноставно: многу мигранти пристигнуваат илегално, без соодветните документи. Најчесто на работникот му е поедноставно во земјата да стигне илегално, место легално„.

Илегалните работници пак, го туркаат надолу нивото на платите зашто не плаќаат социјални давачки, што е нефер конкуренција, вели Ван Еген. Светската банка затоа бара миграцијата подобро да се менаџира зашто е важен економски фактор: одделни земји зависат од префрлањето пари на мигрантите. Учествуваат со значителен дел во брутонационалниот производ на своите земји, на пример со повеќе од 25 насто во Молдавија и Босна и Херцеговина.Оние мигранти кои легално престојуваат во странските држави имаат право на социјалните придобивки: како право на пензија по завршувањето на работниот век што повторно е од корист за земјата од каде што потекнуват. Па сепак, како што вели Ван Еген, најважно е да се создадат услови за развој во тие земји, за да се намали миграцијата.