1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Студен туш за Германија

Италија и Франција под притисок-денес на Европското фудбалско првенство Италијанците ќе ја бараат својата шанса за влез во четвртфиналето против Романците, додека Франција игра со Холандија. Германија вчера сосема бледа.

default

Тимот на Јоаким Лев мора да даде се‘ од себе на натпреварот со Австрија

Репрезентацијата на Германија загуби од Хрватска 1:2. Хрватите поведоа со голот на Дарио Срна во 24-та минутиа, а Ивица Олиќ во 62-та го постигна вториот гол за својата екипа. Лукас Подолски, со погодокот во 79-та минута само ја намали горчината што овој натпревар ја остави во тимот на Јоаким Лев: „Мислам дека секој од играчите знае дека играа под можностите и дека како екипа едноставно не бевме убедливи. Против Полска игравме многу подобро“, оцени селекторот по натпреварот.

Германската одбрана беше се‘ само не сигурна, особено Марсел Јансен на левата страна, кој делуваше сосема бледо. Во средината, Михаел Балак и компанија загубија многу топки и не даваа импулси за напад. Единствено Подолски прикажа некаква полунормална форма. Хрватите може да победат и поубедливо. Тие 90 минути беа подобра екипа и имаа јасни шанси за гол. Сепак, Јоаким Лев е оптимист пред последниот натпревар по групи, кој се игра против Австрија: „Во наредниот натпревар екипата сигурно ќе покаже што знае и умее. Тоа против Австрија во понеделник мора да го докажеме.“

Комбинации и надежи

Германија ќе мора против Австрија да игра најмалку нерешено, за да стигне до четвртфиналето. Австрија и Полска, пак, ако сакаат да стекнат шанса за да одат натаму, мора да победат. Во тој случај би решавала гол разликата. Вчера, двете репрезентации во меѓусебниот дуел играа нерешено, 1:1. Тренерот на Австријците, Јозеф Хикерсбергер, коментираше: „Имавме шанси, пред се‘ во првите 20-30 минути. Тогаш мораше да поведеме. Дали голот на Полска беше офсајд или не, дали имаше пенал или не - тоа од мојата позиција не можам вистински да проценам. Игравме со жар и го видовме она што веќе го знаевем однапред - дека Полска е многу, многу силна екипа.“