1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Студен прием во Белата куќа

На средбата меѓу американскиот претседател Барак Обама и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, не беа надминати разликите по објавувањето на израелските планови за градење нови населби во источен Ерусалим.

default

Нетанјаху во Вашингтон

Наспроти вообичаената практика, овој пат изостана поздравувањето пред фото- и телевизиските камери, а немаше ни изјави по средбата. Разговорот во Овалниот салон траел околу еден ипол час. Потоа Нетанјаху останал уште два часа во Белата куќа, и по разговорите со своите советници, замолил за уште еден разговор со Обама. Новата средба траела 35 минути. За содржината на разговорите и атмосферата што владеела на средбите од обете страни нема никакви информации.

Инаку, непосредно пред да биде примен од претседателот Обама, Нетанјаху уште еднаш ја бранеше својата спорна политика за градење населби на палестинските подрачја. „Ерусалим не е населба. Тој е наш главен град“, повтори израелскиот премиер.

„Секој знае, секој - Американците, Европејците, Израел секако, Палестинците, секој знае дека тој ќе биде дел од Израел во било која мировна спогодба. Поради тоа градењето таму на никој начин не ја исклучува можноста за решение со две држави“.

Остри критики од владата, потопол прием во Конгресот

Владата на САД остро го критикуваше Израел оти беше одобрено градење на 1600 станови во арапскиот дел на Ерусалим, токму кога во посетата беше американскиот потпретседател Џо Бајден. Претходно од американска страна беше демонстриран оптимизам за скорешен почеток на индиректни разговори меѓу Израелците и Палестинците.

Israels Ministerpräsident Benjamin Netanjahu in den USA 2010

Потопол прием во Конгресот

Посрдечно отколку во Белата куќа Нетанјаху беше примен во Конгресот. Претседателот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси рече: „Ние во Конгресот стоиме на страната на Израел“. Шефот на фракцијата на републиканците Џон Бенер изјави: „Никаде на светот немаме поблизок сојузник отколку Израел“. Нетанјаху и таму го бранеше ставот на својата влада во врска со градењето населби. Во разговорите со Пелоси тој објаснил дека тоа било вообичаена практика по шестдневната војна во 1967 година, кога Израел го окупира Источниот дел на Ерусалим.

Автор: ЗЈ/ТТ/ ап/дв

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM