1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Студентски сојузи - традиција или место за добра забава?

Во Германија има повеќе од 1.100 официјално регистрирани студентски здруженија. За повеќето од нив традицијата и чувството за заедништво е на прво место. Но, тие немаат баш добар углед во заедницата.

default

Член на едно студентско здружение во Германија

Од крајот на 18 век, машките студенти во Германија се здружуваа во таканаречени студентски сојузи. Некои од нив постојат до денес. Затоа, членовите на здруженијата и денес за свечени пригоди честопати носат шапки и шарени ленти и на прв поглед изгледаат како да се дојдени од друго столетие. Но, овие здруженија во последно време немаат добар углед. На нивните членови им се префрла дека се негативно настроени кон жените и странците, дека политички погледнато се позиционираат кон десницата, а исто така се вели и дека нивните членови пијат до бесвест. Пијанење има и до ден-денес, но некои од строгите правила веќе не важат.

Собирите, добра прилика за опивање?

Околу 300 членови на студенското здружение се собраа во пивницата во Рудолштат во Тирингија. Погледите им се свртени кон подиумот, од каде што доаѓаат повици до присутните да се смират. Таму стои еден млад човек кој ја води свеченоста. Овие собири се едни од најзначајните активности на студенските здруженија. На нив присуствуваат сите членови на здружението, се држат говори за студирањето по претходно прецизно утврден ред, но се зборува и за политиката и економијата.

Studentenverbindung Studenten Alt-Germania

Членовите на старите студентски здруженија, поради традиционалната облека, често изгледаат како да се од некој друг век

Се разбира, се пеат и песни, а се пие пиво и вино. Жените не смеат да присуствуваат. Момчето кое ја води свеченоста ја добива таа улога бидејќи во изминатиот студиски семестар бил многу активен во здружението. Тој носи типична гала-униформа, градите му се накитени со трибојна лента, носи бели ракавици со манжетни, црни чизми и меч. Негова задача е за време на свеченоста, покрај другото, да издава наредби за пиење и да ги најавува говорниците, кои исто така даваат наредби за пиење.

По здравицата на латински јазик, членовите на здружението ги земаат криглите пиво в рака, тешки еден литар и во еден здив ги празнат чашите. Честопати се случува помладите членови на здруженијата да не си ја знаат мерката, па пијат повеќе отколку што можат да поднесат. Зацрвенети во образите потоа седат со чашите пред нив и почнуваат да пеат фалш.

Критиките се неправедни

Многумина кои не се членови на ваквите здруженија сметаат дека овие манифестации се само добра прилика за опивање. Претседателот на Здружението од Вајнхајмер, „Алтер Корпсштудентен“, Фридер Лерер, смета дека ваквиот став е неправеден. Во неговиот машки сојуз, на пример, не постои обврска за пиење, а според него, правилата на здружението имаат педагошка цел:

Studentenverbindung Nibelung

Студентските здруженија се често мета на критика

„Оној што пие без мерка ќе чувствува притисок во мочниот меур, така што постојано ќе мора да оди во тоалетот. Но, ако не смее да стане од местото до 22 часот, тогаш младите се учат на дисциплина и ќе испијат онолку колку што можат да поднесат“.

Многумина ја исмеваат традицијата

Дисциплина, чувство за обврска и верност се вредности што имаат големо значење во машките здруженија. Многумина кои не се членови на некое здружение ја исмеваат оваа традиција и тоа не само поради собирите на кои се пие. Се критикува и мечувањето што се практикува во некои здруженија.

Маскирани со дебели заштитни елеци, Тобијас Рајнке и Флоријан Ернст, тренираат во просториите на здружението во Келн. Тие се подготвуваат за наредниот натпревар во мечување. Тој се оддржува според строги правила, за никој да не биде повреден. За Тобијас и Флоријан, студенското мечување е повеќе од традиција.

„Се мечуваме бидејќи тоа е некако традиционална обврска, но и придонесува во процесот на созревање. Слично е како во професијата. Таму работите не се регулираат со мечови туку вербално. Многу е убаво чувството да се биде дел од задницата во која секој го поддржува секого. Секој мора да мине низ тоа, тоа ја јакне заедницата“.

Инаку, во меѓувреме во Германија се формираат и женски студентски здруженија.