1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Студентката Јулија Гладе од Лајпциг

Јулија Гладе студира комуникологија во Лајпциг. Пријателите ја опишуваат како забавна и секогаш подготвена да помогне. Тоа се отсликува и во нејзината активност во Стручниот совет на Институтот за комуникологија.

default

Околу девет часот наутро Јулија Гладе го заклучува својот велосипед пред Институтот за комуникологија во Лајпциг. Таа тука студира од 2006 година. 22-годишната студентка од Битерфелд-Волфен спаѓа во првата генерација „Бечелор-студенти“ на Институтот. Од постарите студенти добива голема поддршка. Ова позитивно искуство сака да го продолжи и таа. Заедно со нејзините студиски колеги и пријатели во Стручниот совет, Јулија се грижи за прашањата и проблемите на студентите. За член на Стручниот совет е избрана пред две години.

Ангажман за колегите од факултет

Малку замислена влегува во канцеларијата на Стручниот совет. Таму е малку расфрлано и неуредно. Се гледа дека се работи. На таблата блеска една карта со изреката: „Размислувањето не штети“. Покрај неа, в очи паѓа слика на една двојка.

Gesichter Deutschlands Porträt JuGl

Организаторски талент е предуслов за да се стигне се‘ она што Јулија Гладе го прави во текот на денот

И Јулија Гладе може да си го замисли животот во двојка. Семејниот живот го планира за подоцна. Со своето момче е веќе три години заедно. Тој работи како систем-администратор во една автокуќа. Една од желбите на Јулија Гладе е да има „повеќе време за него и за патувања“.

Сепак, Јулија не живее заедно со своето момче. Таа дели еден мал стан со другар од детството од Битерфелд. Битерфелд е град во Источна Германија. Во времето на поранешната ГДР, тој бил најзначајно место на хемиската индустија, но природата не била доволно заштитена. Во тоа време Битерфелд бил еден од највалканите градови во Европа. Јулија Гладе не може да се сети на тоа. Кога во 1989 година падна Берлинскиот ѕид, таа имала само две години. За тоа време знае само од раскажувањето на своите родители.

Барање литература во Националната библиотека

Сосем блиску до студентскиот дом се наоѓа Народната библиотека. Таа редовно е некаде меѓу многуте полици со книги, барајќи соодветна литература за студиите. Јулија Гладе рано

Gesichter Deutschlands Porträt JuGl

Студент од 2006 година

почнала да се интересира за медиумите. Уште како ученичка пишувала статии за училишните весници и за регионалните списанија. Во сферата на комуникација и медиуми се концентрира на предметот - медиумска педагогија.

На ручек оди во мензата. За жал, го нема нејзиното омилено јадење: сарма. Но, сарма и онака највкусно прави мајка и‘. Затоа, кога оди да ги посети родителите на викендите, со задоволство зема со себе сарма. Јулија Гладе не може да го посвети целото свое време на студиите. За да си го поправи оскудниот буџет, работи на различни места - на пример, во пошта.

Во слободното време сака да слуша музика, пред се‘ германска поп-музика како Херберт Гренемајер, Клузо, Шпортфројнде Штилер или Зилбермонд. Јулија Гладе е подготвена и за нешто ново и сака да ја искористи културната понуда на градот. Оваа вечер, 22-годишната студентка, за првпат во својот живот, со една добра другарка ќе оди на опера. Таму се изведува опера од Луиџи Ноно: „Под големото сонце, натоварен со љубов“. Тежок материјал, затоа што Ноно во оваа опера им подига споменик на надежите и разочарувањата од неуспешните револуции и од женска перспектива раскажува приказна за поразите.

Автор: Фархад Салманијан / Виолета Вај

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови