1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Струја од цвеќиња

Специјалист за семе има необичаена идеја: тој сака од цвеќињата да произведе струја. Заедно со земјоделците расположени за експеримети ширум Германија Штефен Климпер експериментира со семиња.

Земјоделецот Штефен Климпер има експериментално поле во Либарс, во Саксонија Анхалт. Тука веќе две години одгледува диви цвеќиња. Мешавината од семе ја доби од стручњакот за семиња Штефан Целер.

Двајцата честопато ги разменуваат мислењата.„Значи тогаш можеби ќе почекаме со жетвата уште две, три недели, додека растенијата не ја впијат водата, и можеби ќе дојде до уште една фаза на растење“, вели Целер.

Од диви цвеќиња да се добие енергија, тоа е нова идеја. „Во последно време многу порасна притисокот на јавноста врз земјоделците да не садат само монокултури, туку нависитна, би рекол, да внесат боја на полињата и да се обидат и со други видови или мешавини. Како што е сега овде случај, за потоа од овие билки да настане био гас“, истакнува експертот за семиња.

Постројката за биогас на земјоделецот Климпер е во погон веќе 11 години. Во 2001. година беше првата во покраината Саксонија Анхалт. Од мината година овде се преработува и дивото цвеќе и од него се создава струја.

За киловат час струја тој добива 22 центи. Освен ова, со постројката ја загрева сопствената свињарска штала.

Уделот на цвеќињата во биомасата засега е скромен. И од економски аспект мешавината се’ уште не се исплати. Меѓутоа, идејата фасцинира. Доволно е еднаш да се посадат повеќегодишни билки, а потоа самите растат наредните пет години. Секоја година други цвеќиња. Од сончогледи, преку диви моркови, до пелин.

„Не мора се’ што се прави да се одмерува во долари, туку понекогаш треба да се има и задоволство од работата. Понекогаш навистина нема нешто поубаво од прошетка низ шумските патишта по дожд и да се разгледува природата. Тоа е генијално“, подвлекува земјоделецот Клемпер.

Ајдучката трева и вратигата не само што го привлекуваат погледот, туку се важни и за еколошкиот баланс. Пчелите радо доаѓаат на полињата со диви цвеќиња. Тие особено го сакаат црниот синчец.

Flash-Galerie Themen der Grünen Energie

Штефен Целер се’уште експериментира со сортите. Кои цвеќиња се најпогодини од нив да се произведе струја? Секое семе е зрело во различно време. Тоа е предизвик.

„Во споредба со другите земјоделци, кои имаат одредени периоди на жетва, нашата жетва трае од мај до средината или крајот на окотмври. Од една страна тоа е пријатно, оти секогаш работите по малку, а од друга страна мора внимателоно да се обиколуваат полињата цела година, да гледате како напредуваат растенијата, за да не се пропушти нешто“, смета Целер.

Затоа Штефан Целер се потпира на искуството на земјоделците. Заедно со земјоделецот Климпер тој ја гледа и видео снимката од жетвата од минатата година. Тој е воодушевен од биомасата од цвеќиња и знае дека е на вистинскиот пат.