1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Строс-Кан обвинет за учество на секс-забави

Француското судство започна истрага против поранешниот шеф на ММФ, Доминик Строс-Кан, поради учество на илегални развратни забави.

Обвинението против Строс Кан меѓу другото гласи-соучество во подведување и учество во „организирана банда“ која врши проституизирање. По повеќечасовното сослушување од страна на истражен судија во Лил, Строс Кан е пуштен со плаќање кауција од сто илјади евра, но не смее да контактира со останатите обвинети. 62-годишниот Строс-Кан се товари за учество на повеќе развратни забави во луксузни хотели, на кои за присутните проститутки плаќање бизнисмени. Обвинетиот тврди дека не знаел дека се работи за проститутки. За делото учество во подведување во Франција е предвидена казна затвор до 20 години.

Францускиот политичар Доминик Строс-Кан лани доживеа длабок пад и губење на функцијата шеф на ММФ откако по престојот во хотел во Њујорк во мај беше обвинет од собарка за сексуален напад. Поради недоволна веродостојност на жртвата, американските правосудни органи ја прекинаа кривичната постапка против Строс-Кан. Но, се‘ уште е во тек приватната граѓанска постапка за отштета поради „насилен и садистички напад“ која собарката Нафисато Диало ја покрена против Строс-Кан. Првото сослушување ќе се одржи утре во суд во Њујорк. Адвокатите на Строс-Кан не го одрекуваат сексуалниот контакт меѓу нивниот клиент и Диало, но тврдат дека бил на доброволна основа, а собарката сега сака само да извлече што повеќе пари.