1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Строга пресуда за роднина на Нобеловецот Шијаобо

Лиу Хуи, брат на сопругата на осудениот кинески носител на Нобеловата награда за мир Лиу Шијаобо, е осуден на затворска казна. Сестрата и пријателите говорат за шиканирање на семејството.

Суд во Пекинг го осуди братот на сопругата на затворениот кинески носител на Нобеловата награда за мир Лиу Шијаобо на единаесет години затвор. Државното обвинителство го обвини Лиу Хуи за измама, известуваат набљудувачите на процесот.

Осудениот Лиу Хуи е брат на Лиу Шија (на насловната фотографија), сопругата на носителот на Нобеловата награда за мир, која е во домашен притвор. Таа смееше да присуствува на процесот. Пресудата е неправедна, изјави Лиу Шија пред новинарите по процесот. Лиу Шија истакна дека не може да препознае напредок кај состојбата со човековите права во Кина. Пресудата и условите под кои мора да живее повеќе од две години, го предизвикуваат сомнежот кај неа. Властите при следењето на нејзиното семејство немале скруполи, изјави таа пред зградата на судот, пред силите за безбедност да ги тргнат настрана претставниците на печатот и да ја внесат во автомобил.

Адвокатот на осудениот се изјасни дека „доказите биле недоволни“ и одлуката ја оцени како „целосно неправедна“. Тој и неговиот застапник најавија дека ќе поднесат жалба. Според пријателите станувало збор за одмазничка акција против семејството.

Лиу Хуи беше уапсен во јануари. Тој е обвинет за измама поврзана со бизнис со недвижнини. Според податоци на адвокатите се работи за сума од околу половина милион долари. Парите одамна биле вратени. Полицијата затоа го затвори случајот и го ослободи Лиу Хуи изминатиот септември. Во јануари тој повторно беше уапсен. Сопругот на неговата сестра, носителот на Нобеловата награда за мир Лиу Шијаобо во 2009 година исто така беше осуден на единаесетгодишна затворска казна поради „субверзија“.

Делегација на Европската унија во Кина во една изјава изрази „длабока загрженост“ поради пресудата. Одлуката на судот би можело да е поврзана со ситуацијата на Луи Шија, изјави раководителот на делегацијата Рафаел Дрожевски. Нејзиниот домашен притвор бил нелегален.

Поврзана содржина