1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Стрелките нанапред!

Утре (25.03) во два часот по полноќ, стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред - почнува летното сметање на времето!

Во недела во 2.00 часот завршува зимското сметање на времето и почнува летното. Часовниците ќе бидат поместени за еден час нанапред.

Промената на времето се појаснува со подобро користење на дневната светлина и подобар животен квалитет, бидејќи, мерено според часовници, во лето денот е подолг еден час. Критичарите забележуваат дека промената на времето е врзана за високи трошоци и мала економска полза. Редовно се дискутираат и можните влијанија врз здравјето на луѓето.

Во Германија летното сметање на времето е воведено во 1980 годиниа и до 1995 година тоа завршуваше на крајот на септември. Од 1996 година, во земјите на ЕУ летното сметање на времето трае од последната недела во март до последната недела во октомври - годинава тоа е на 28 октомври.