1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Стрезовски: Во Гетеборг отидовме недоволно подготвени

Олимпискиот Лондон остана недостижен и за ракометната и за ватерполо репрезентацијата на Македонија. Сега надежите се насочени кон кошаркарите, кои во јули во Каракас ќе ја бијат битката за Лондон.

default

Гино Стрезовски

Шведска и Унгарија му се радуваат на учеството на најголемиот светски спортски настан. Македонија со трите порази во Гетеборг остана последна во групата.

Гино Стрезовски, за Дојче веле го коментира актуелниот ракометен момент во Македонија:

„Сакавме пласман на Олимпијадата. Првпат една наша репрезентација од постоењето на Македонија, да учествува, но тој сон не се оствари, па со уште понапорна работа можеби да учествуваме на следната Олимпијада.“

Пропуштена е голема шанса

Стрезовски смета дека е пропуштена голема шанса да се постигне историски успех во Гетеборг. Причините ги гледа во недоволната подготвеност за еден ваков турнир:

Handball Europameisterschaft Mazedonien Tschechien

Повторно да се слави на баражот против Австрија

„Шансата беше огромна. Со пласманот од Европското првенство Србија на 5-то место ние отпатувавме како фаворити. Но, уште на самиот почеток од подготовките за овој турнир нешто кажуваше дека таму ќе заминеме неподготвени. Неисплатени дневници, стипендии, ветени, а неисполнети работи им беа поважни на ракометарите и се занимаваа со тоа, одошто со вистински подготовки!“

Следниот предизвик е наредното Светско првенство. Учеството на Мондијалот води преку баражот со Австрија. За Стрезовски, ова треба да е нов силен аргумент за оваа генерација македонски ракомери:

„Светското првенство е силен аргумент за да се одржи трендот на добри резултати. Австрија е противник во „баражот“, но мислам дека во овој двомеч зависи се’ од нас. Поразите од Гетеборг треба да бидат брзо заборавени. Треба да се фатиме за работа многу посериозно и се надевам дека ќе ја минеме Австрија, но и на добри резултати на Светското првенство.“

Женската репрезентација блиску до ЕП

Стрезовски е селектор на женската ракометна селекција на Македонија, која е во игра за пласман на наредното Европско првенство.

Handball EM der Damen in Mazedonien

Ракометарките ги делат уште два важни натпревари до пласман на ЕП

„Со победата над Франција во Скопје, која малкумина ја очекуваа, а меѓу нив бев и јас, ни се отворија широко портите за пласман на Европското првенство во декември во Холандија. Ни остануваат уште два, многу сериозни натпревари против Литванија на гости и со Турција во Скопје. Се надевам дека уште веќе во Литванија ќе направиме позитивен резултат.“

На клупски план во тек е завршницата од регионалните ракометни лиги со учество на екипите од земјите на поранешна Југославија и од Средна Европа. Какви се видувањата на Гино Стрезовски од првата сезона на нивното одигрување:`

„Искрено, јас сум голем поборник на овие регионални лиги. Погледнете ја машката СЕХА лига, колку му помогна на Металург да игра добро во Лигата на шампионите. Многу му помогна и на Вардар да одржи континуитет. Кај жените, за жал, оваа Средноевропска лига не функционира најдобро. Многу екипи се откажуваа, играат- не играат! Но, постои верување дека во иднина ќе се подобри, за да може да се очекуваат подобри резултати. Само на тој начин и со поголем број на квалитетни натпревари можеме да очекуваме напредок и во машкиот и во женскиот ракомет.“,заклучува Стрезовски.