1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Стратешко партнерство

Германија и Русија со уште една потврда на нивното стратешко партнерство. По дводневниот германско-руски форум одржан во Дрезден и владините консулстации што течеа истовремено, германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател, Владимир Путин изјавија дека односите им се добри и пријателски. Во фокусот на нивните разговори беа теми како економската соработка, безбедноста и актуелни светски

Путин и Меркел во Дрезден

Путин и Меркел во Дрезден

политички прашања. Дијалогот во Дрезден беше засенет од убиството на руската новинарка Ана Политковскаја.

За рускиот претседател посетата на Дрезден е секогаш враќање на неговиот живот од времињата на ДДР. Таму, во 80-тите години бил стациониран како офицер на КГБ. Посета на Дрезден, рече Путин вчера е секогаш гарант за добро расположение. Но, пред Дрезденскиот замок рускиот претседател беше пречекан од околу две илјади демонстранти кои извикуваа убиец. Притоа се мисли на убиството на руската новинарка Ана Политковскаја , кое демонстрантите сметаат дека е политичко. Убиството на новинарката критички настроена кон руската влада беше тема и на прес конференцијата на Путин и Меркел. Германската канцеларка бара расчистување на случајот: “Јасно ставив до знаење дека ова убиство не погоди сите и дека е неопходно да биде целосно расчистено, зашто симболички покажува и каква е состојбата со слободата на печатот. Ми беше дадено уверување од страна на рускиот претседател, затоа мислам дека ќе биде преземено се за расчистување на ова страшно убиство. “

И рускиот претседател убиството го нарече неприфатливо злосторство и ја увери Меркел дека виновниците ќе бидат најдени. Тој сепак ја релативизираше улогата на Политковскаја за Русија:

“Оваа новинарка беше жестока критичарка на денешна Русија, но нејзиното влијание врз руската политика беше прилично безначајна. Таа им беше позната на организациите за човекови права и на новинарите на запад. Вакво убиство и штети на Русија многу повеќе отколку новинарските откритија на госпоѓа Политковскаја.“

На разговорите меѓу германската канцеларка и рускиот претседател стануваше збор и за прашања како конфликтот меѓу Либан и Израел, Ирак и атомската проба на Северна Кореја. Се зборуваше и за билатералната соработка, пред се во економската сфера. Потпишани се повеќе договори за соработка, а рускиот претседател на германската канцеларка и понуди и поголема соработка во испораката на гас. Путин се заложи и за зона на слободна трговија меѓу ЕУ и Русија, која би требало да се стави како предмет на

дискусија за време на германското претседателство со ЕУ.