1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Стратешки интереси во пресвртот во Грузија!?

Она што се случува во Грузија навистина личи на победа на народот. Луѓето на кои конечно им е доста од фалсификувани избори и корумпирани политичари го протераа претседателот, кој стана олицетворение на страдањата во земјата. Силите за безбедност не им се спротиставуваат на невооружените народни маси, се чини дека дури симпаритизираат со нив. Но, состојбата е се' уште нестабилна, седокосиот претседател најавува отпор, така што мирен пренос на власта по најновото заострување на ситуацијата останува крајно проблематичен.

Судбината на досегашниот грузиски претседател, Едуард Шеварнадзе, се чини запечатена. Тој ја загуби власта. Прашањето дали веднаш ќе поднесе оставка или малку подоцна, се чини помалку важно. Со тоа завршува една ера во Грузија. Шеварнадзе погрешно ја процени политичката состојба. На народот му треба нов политички почеток и тоа без Шеварнадзе и неговиот клан, кој во изминатите години безсрамно се обогати.

Претседателот едноставно ги потцени неговите политички претставници, на кои им појде од рака да ги мобилизираат масите. Со развиорени знамиња, тие се втурнаа во парламентот и го избркаа седокосиот претседател и неговите чувари. Телевизиските камери ги пренесоа овие слики низ целиот свет.

75-годишниот Едуард Шеварнадзе можеше да си го приштеди ваквото понижување. Не само Грузијците, туку и многу други му посакуваа достоинствено повлекување од власта. Тој беше конечно клучниот политичар, кој во 1992. година ја спаси земјата од долгогодишна граѓанска војна. На Западот многумина се' уште се сеќаваат на неговата важна улога во повторното обединување на Германија и завршувањето на студената војна. Со сето тоа Шерванадзе испиша важни страници на историјата. Дотолку повеќе е болно да се гледа колку се згрчил по власта и колку беспомошно апелира до грузиските сили за безбедност да го окончаат "пучот на опозицијата", како што тоа тој го нарекува.

При тоа интервенција на војската би било последното што би и' помогнало на Грузија во овој момент. "Кадифената револуција" во Тбилиси до сега мина без жртви затоа што војската и полицијата се држеа воздржано. Останува да се надеваме дека тоа така и ќе остане. На плоштадите на главниот град впрочем демонстрираа стотици илјади граѓани и во последната фаза од распаѓањето на Советскиот Сојуз. Тогаш бараа демократија и независност на Грузија. Советските сили за безбедност тогаш интервенираа брутално и имаше многу жртви. Сеќавањето на ваквата неодамнешна колективна траума е се' уште многу свежо. И тоа е веројатно една од поважните причини зошто војската и полицијата до сега беа воздржани и дозволија протестите да се одвиваат мирно.

Што ја очекува Грузија понатаму? Ново избраниот парламент се' уште не е конституиран. Претседателот на досегашниот состав на парламентот беше Нино Бурџанадзе, која се прогласи за актуелен претседател на државата. Тоа впрочем го предвидува и грузискиот устав, за случај претседателот Шеварнадзе да не е во состојба да раководи со земјата. Бурџанадзе е искусна и одговорна политичарка, а не популист како Михаил Шакашвили, кој со пароли се обидува да го привлече народот на своја страна. Во таква констелација би било најдобро кога Шеварнадзе и политичарите од опозицијата би се договориле за мирен пренос на власта. Но, тоа е се' уште само една од можните опции. Владите во Москва и Вашингтон со големо внимание ќе набљудуваат како се развива понатаму состојбата во кавкаскиот регион. Обете држави имаат стратешки интереси во ова подрачје. При тоа станува збор особено за нафтата од базенот на Каспиското море, како и за нафтоводите кои "црното злато" треба да го пренесуваат кон Запад. Русите се секако заинтересирани трасите на нафтоводите да минуваат преку нивна територија. Американците напротив сакаат токму тоа да го спречат и затоа градат нафтовод, што преку Азербејџан и Грузија води кон Турција. Шерванадзе во оваа голема игра се одлучи за американската опција, а Москва тоа не му го прости. Таа им пружи поддршка на сепаратистите во Грузија, така што земјата никогаш не најде вистински мир за време на владеењето на Шеварандзе. Се чини дека и тоа е важен фактор што му ја запечати судбината на грузискиот претседател.