1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стратешки адут

Новото регионално значење на Турција, досегашната статичка бариера од времето на Студената војна ја претвора во потенцијален катализатор за регионален мир, благостостојба и стабилност, пишува весникот „Ди велт“.

default

Турција е клучот за политиката на Блискиот Исток, пишуваат денеска во гостинскиот коментар тројца научни соработници на Трансатлантската академија во весникот „Ди велт“: Кемал Кирисчи, Натали Точи и Џошуа Волкер.

„Денешна Турција силно се разликува од земјата која пред пет години ги започна пристапните преговори со ЕУ. Иако тие се наоѓаат во ’лер’, Турција започна да го проширува својот интернационален хоризонт. Турската надворешна политика денес е многудимензионална и попровокативна отколку кога било откако Кемал Ататурк ја подигна државата од урнатините на Турската империја. Посебноста на Турција на Блискиот исток не му штети на Западот, напротив, таа може да биде американски и европски партнер и важен адут. Тоа меѓутоа не значи дека турското влијание на Блискиот Исток автоматски е предност за Западот. Поволниот равој на Турција во регионот зависи од консеквентноста во нејзината демократизација и водењето надворешна политика според одредени правила. Турција со задоцнување се ангажираше во посредувања при конфликти на Блискиот Исток, во развој на економските односи и либерализација на патничкиот сообраќај. Внатрешнополитичките дефицити и политичката поларизација го развејуваат обидот за одвратување од надворешна политика врз основа на универзални вредности.

Позитивен пристап

Пристапот на администрацијата на американскиот претседател Барак Обама кон Турција е во основа конструктивен. Во однос на иднината на Ирак и Авганистан, како и на арапско-израелските односи и Либан, постои делотворна практична соработка. Подобрената позиција на Турција на Блискиот Исток може да им помогне и на настојувањата на САД за јакнење на демократијата во регионот. Продолжувањето на процесот на пристапните преговори со ЕУ и воспоставувањето негова веродостојност, на Турција ќе и‘ овозможи да игра важна економска, културна, политичка и социјална улога во нејзиното соседство. Новото регионално значење на Турција, досегашната статичка бариера од времето на Студената војна ја претвора во потенцијален катализатор за регионален мир, благостостојба и стабилност. Оваа промена во никој случај не е разбирлива сама по себе, туку има потреба од поддршка на ЕУ и САД“, заклучува коментарот во „Ди велт“.

Автор: „Ди велт“

Превод: Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска