1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стратешка соработка со Германија за засилен економски раст

Со поголема економска соработка со Германија и Австрија, Македонија ќе се бори против кризата и ќе го засилува економскиот раст.

default

Дека фокусот се насочува кон Германија како стратешки партнер зборува и статистиката според која Македонија годинава има суфицит во размената со Германија. Оптимизмот е присутен не само поради позитивните искуства на германските и австриските инвеститори во земјата, туку и прогнозите дека најголемата економија во Европа се движи во позитива:

„ Имаме причина за оптимизам. Вчера беше донесен извештајот на таканаречените пет економски мудреци според кои Германија догодина нема да биде во рецесија туку во благ пораст. Токму врз оваа основа целата економија на Германија и Европа наскоро ќе заздрави. Убедена сум дека и догодина ќе продолжи соработката. На пролет економска делегација на Германија предводена од министерот за економија ќе ја посети Македонија, а подоцна и стопанственици по што се надевам дека ќе бидат донесени одлуки дека се исплати да се инвестира во Македонија“, изјави денеска во Скопје, Гудрун Елизабет Штајнакер, амбасадор на Германија во Македонија.

As for the rights to publish this photos with my name on them, here I confirm that DEUTSCHE WELLE HAS THE RIGHTS TO PUBLISH ALL THE PHOTOS SENT FROM MYSELF PETR STOJANOVSKI, WITH NO TIME LIMIT. Best regards, Petr Stojanovski

Македонскиот премиер Никола Груевски

Не плашете се од кризата

Дека очекувањата се позитивни порача и првиот човек на Виенскиот аеродром Гинтер Офнер, поранешен директор на ЕВН Македонија.

„Не се плашете од кризата, таа е финансиска. Со проблеми се соочени банките, но компаниите во Европа се здрави и тие бараат можност за инвестирање и услови кои се оптимални за нив. Затоа не бидете фрустрирани, обидувајте се повторно и ќе видите дека ќе има успех. Посебно втората половина од 2012-та година ќе донесе позитивни изненадувања во однос на економскиот развој“, изјави Гинтер Офнер.

Груевски: Соработката со Германија и Австрија има стратешки карактер

Премиерот Никола Груевски пред присутните претставници на германските и австриските компании во земјава порача дека реформскиот процес продолжува во насока на подобрување на условите за привлекување на странски капитал во Македонија. Соработката со Германија и Австрија, но и останатите земји од ЕУ ќе имала стратешки карактер не само за економскиот раст, туку и за засилен евроатлантски интеграциски пат на земјава. Инаку според податоците годинава Македонија извезла 800 милиони евра во Германија, за сметка на увозот кој е двојно помал. Податок според кој Македонија за прв пат по овие параметри е прва во регионот, пред Србија. Инаку денешниот работен ручек на кој присуствуваше целиот владин економски тим, беше во организација на Конрад Аденауер и Германското стопанско здружение во македонија под чија капа се 150 компании кои работат во земјата.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Симе Недевски