1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Стратегија за поддршка на Светска банка за Македонија

Светската банка определи многу пари за Македонија во четиргодишната стратегија за поддршка на земјата. Како и секогаш големите суми се условени со реформи.

Светска банка

Светска банка

Во зависност од темпото со кое ќе ги спроведува реформите, Македонија може да смета на помош од 220 до 300 милиони долари, објави синоќа вицепремиерот за економија Зоран Ставревски. „Доколку сме во основното сценарио на побавни реформи поддршката ќе биде 220 милиони доколку сме во повисокото сценарио на побрзи реформи, ќе добиеме 300 милиони долари“.

Претставниците на Светска банка во Скопје и ја презентираа на Владата стратегијата за поддршка од 2007 до 2010. Клучни цели во неа се зголемување на економскиот раст и намалување на невработеноста. Тоа треба да се постигне преку реформи во многу сектори. Македонија треба да работи на зајакнување на квалитетот на институциите, да ги реформира судството и јавната администрација.

Реформите се детално разработени во четиргодишната стратегија чија реализација треба да стартува откако формално ќе биде одобрена од бордот на Светската банка, вели претсавничката на оваа финансиска инстутуција во Скопје, Сандра Блуменкамп. „Дискусиите ќе продолжат уште малку додека се услголаси редоследот на активностите кои што ќе се одвиваат, меѓутоа очекуваме до март да добиеме целосно дефинирана стратегија“, изјави Блуменкамп.

Вицепремиерот Ставревски на финансиските ментори од Вашингтон им ги претставил владините приоритети. „Првите проекти што ќе бидат реализирани во 2007 ќе опфатат проекти од земјоделството, каде што сакаме да создадеме институционални услови за повлекување на ИПА средствата, програма за подобрување на транспортот, изградба на инфраструктура изградба на патот од Бељаковце до Куманово“.

Светска банка е приситна во Македонија повеќе од 10 години. Во разни форми ја поддржува трансформацијата на земјата преку финасиски аранжани програми и стратегии. Нејзините претсавници не се најзадовлни од резултатите во битката против сиромаштијата. Иако за нејзино намалување се потрошени многу пари, од 23 проценти во 1997-та, сиромаштијата зафати 31 процент од вкупното население.