1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Стратегија за името без победници и губитници

Експертите сметаат дека пратеникот Стојан Андов избра најдобар момент за да ја реафирмира предлог-државната стратегија за името во спорот со јужниот сосед. Документот преку дневниот печат им е поделен и на граѓаните.

default

Андов не можеше да избере подобар момент – македонското државно раководство на маса го има модифицираниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, со варијантите што се вратат околу името „Република Северна Македонија“ и допрецизирањата што следат околу националноста и јазикот на државата. Токму последните две варијанти, особено онаа за националноста, се чини, во последниве денови најтешко се вари кај дел од експертите и медиумите. Дури има и такви мислења дека во оваа одредба се крие и најтешката замка во преговорите-дека со менување на името ќе се смени и националноста. Затоа, за да се избегнат сите недоумици и во експертската јавност и особено кај граѓаните, потребна е јавна расправа и особено расправа во парламентот-каде ќе се кова државната стратегија за името.

Сите експерти, што „Дојче веле“ ги консулатира, ја поздравуваат потребата од донесување на стратегијата и особено потребата од изградба на консензус за ова национално и државно стратешко прашање, во кое нема да има победници и поразени, туку ќе се изгради ставот за тоа до каде Македонија ќе може да оди во преговорите, односно еднаш јасно и прецизно да се каже-која е црвената линија на флексибилноста.

Разјаснување за граѓаните

Во тој правец е и размислувањето на предлагачот Стојан Андов, кој по еден месец замрзнување на предлогот во петокот ( 17.07.2009) повторно ја реафирмира стратегијата со посебен акцент на граѓаните, а не на партиите.

Parlament Gebäude in Skopje Innenansicht, Mazedonien

Парламентарна расправа за името

„Сакам граѓаните подобро да сфатат дека ниту некој порано ја продавал земајта и националните интереси, ниту пак некој од однадвор, САД, членките на Советот за безбедност на ОН, НАТО и ЕУ сакале да ни нанесет некое зло или да ни се наметнуваат, туку едноставно сакале да не‘ упатуваат да го разбереме проблемот и да се ослободиме од фрустрациите“, изјави Андов при елаборацијата на новиот предлог на државната стратегија.

„Мислам дека овој пат предлогот и не е толку упатен кон парламентот, колку до граѓаните, за јавноста да се запознае со содржината и историјатот на проблемот, со многу факти што не се познати. Значи јавноста објективно ќе биде информирана за ситуацијата за политичките структури да не можат да ги повредат нивните чувства“ вели аналитичарот Мерсел Биљали од иницијативата „Граѓаните за Европска Македонија“, кон која припаѓа и колумнистот Жарко Трајановски кој е со сличен став

„Потребата за изготвување еден ваков документ лежи во потребата за наше прво меѓусебно разбирање. Доколку не успееме да оствариме разбирање меѓу нас и главните политички фактори, тешко дека ќе бидеме некаков релевантен фактор во преговорите“ вели Трајановски.

Не треба да има победници и губитници

И професорот Јове Кекеновски смета дека сега е моментот за стратегијата, поздравувајќи го добро избраниот тајминг од Андов за враќање на стратегијата на маса.

„Мислам дека сега се созреани условите и дека и пратеничката група и раководството на ВМРО-ДПМНЕ

Mazedonien Flagge

би требало да ја прифатат стратегијата, затоа што конечнио имаме шанса да изградиме консензус на најважното прашање во поновата историја на Република Макеоднија, а тоа е прашањето за името“ вели Кекеновски и додава дека во овие околности тој е изненаден од, како што ги нараче, групата за притисок од Иницијативата „Граѓани за европска Македонија“, кои сега, кога и државниот врв полека почна да покажува подготвеност за компромис, молчат за предлогот и се добива впечаток дека се кочничари, што се гледало со нивните секојдневни ставови во медиумите во Македонија.

Поентата е, потенцира на крајот Кекеновски, од оваа стратегија да излеземе посилни како држава. Никој да не се чувствува како победник или поразен, затоа што најважно ќе биде како победници да се чувствуваат сите граѓани на Македонија.

Автор: Сашко Димевски

Редактор: Жана Ацеска