1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Стратегијата на Буш за Ирак - в среда

Американскиот претседател Џорџ Буш, во рамките на својата нова стратегија за Ирак , има намера да изпрати дополнителни 20.000 војници во оваа земја .

Џорџ Буш

Џорџ Буш

Ова го најави републиканскиот сенатор Гордон Смит по средбата со Буш во Вашингтон . Американскиот претседател официјално ќе ја објави новата стратегија за Ирак во обраќањето до нацијата во среда навечер по локално време. За финансирање на ангажманот на нови 20 илјади војници , Белата куќа има намера од Конгресот да побара одобрување за 100 милиони долари. Во конгрсот се очекуваат жестоки дебати за оваа тема, бидејќи од неодамна мнозинството во двата дома на американскиот парламент е во рацете на деморкатите. Повеќето од нив се залагаат за намалување на бројот на американските трупи во Ирак.