1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Стратегиско пратнерство и во иднина

Германско-руските односи имаат обострано стратегиско занчење, истакнаа на вчерашната средба во Москва германскиот министер за надворешни работи Франк-Влатер Штајнмајер и рускиот претседател Владимир Путин.

Потврда на стратегискот партнерство со Русија: Штајнмајер

Потврда на стратегискот партнерство со Русија: Штајнмајер

Веќе поздравот беше знак на посебно внимание. Рускиот претседател Путин кој никого не прима во сабота, па ни министер за надворешни работи, го очекуваше гостинот од Берлин во дачата во Ново Органово. Атмосферата на разговорите опуштена и пријатна. Се покажа дека Путин опстојува на континуитет. Додуша Шредер веќе не е канцелар, но Путин точно знае дека Штајнмајер им припаѓа на оние што учествуваше во руската политика на поранешната сојузна влада:

„Односите меѓу нашите две земји се на многу високо ниво во што и вие многу преидонесовте. Затоа сметаме дека темпото на нашата соработка ќе се заджи и во иднина„.

Секако, во Москва е забележано дека германската канцеларка Ангела Меркел во новата политика кон Русија сака да стави поинакви акценти. Нејзината најава дека кон балтичкиот гасовод договорен меѓу нејзиниот претходник и Путин,пристап треба да имаат и трети земји, при што во Варшава ја спомна Полска,во Москва досега не беше коментирана. И Путин остана без коментар на таа тема, но изјави:

„Анализата на договорот меѓу партиите на Унијата и социјалдемократите дава, кога станува збор за политиката кон Русија, надеж за позитивен развој„.

Штајнмајер, кој во последниве денови оствари повеќе посети, се придружи кон оценката:

„Точно го интерпретирате постигнатото во коалициониот договор. Стратегиското партнерство со Русија не само што останува, туку му се дава виоско ниво„.

Германија е за Русија во рамките на Европската унија посебно важна и за намалувањето на антируското расположение што постои во некои европски држави како Балтичките или Полска:

„Германија за нас беше секогаш важен партнер, како билатерално, така и со ЕУ. Посебно во координирањето на нашите позиции за актуелните проблеми„.

Синоќа Штајнмајер имаше средба и со својот руски колега Сергеј Лавров. Во разговорите беа разгледани цела низа теми, меѓу кои и спорот околу иранската атомска програма. Штајнмајер апелираше до раководството во Техеран за оваа тема да покаже разумност и мудрост. Исто така стана збор и за ситуацијата во Чеченија.