1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Страст за минивозила

Сообраќаен метеж на алпските серпентини. Продорен звук од камиони и багери кои спасуваат - кошмар за секој возач. За среќа - така е во светот на минијатурните камиони и багери.

Сосема поинаку од реалноста, сообраќајниот метеж во минијатурниот свет исчезнува за неколку минути. Токму тогаш кога хоби-возачите ќе посакаат.

„Фасцинира тоа што може да се реализира се‘ како во оригиналниот живот, дека едноставно може човек да си игра. Ова е игра за возрасни“, вели хоби-мајсторот Клаус Мерк.

Мажите си изградија сопствено „игралиште од соништата“ за своите минијатурни камиони и багери. Огромно, а сепак мало. Сѐ е во размер 1:14.

„Воодушевувањето кај мене постои откако можев да размислувам, откако бев мал. Откако го добив мојот прв модел на багер, воодушевувањето се разгоре“, објаснува Хајнц Штерк.

Еднаш месечно се среќаваат 25 мажи за заедно да ги испратат на возење своите модели. Со истенчено чувство тие ги насочуваат своите возила преку утврдената патека. Секако, и тука важат правилата на германскиот Закон за сообраќај.

BdT Messe Modell-Hobby-Spiel

Разликата е повеќе од очигледна

„Понекогаш вниманието на човек е одвлечено од останатите модели, па соодветно на тоа се случуваат мали судари. Имаме и казни кај нас, на пример, за брзо возење или, пак, за погрешно паркирање, па соодветно на тоа казната ќе биде платена во натура“, објаснува Хајнц Штерк.

Миникамионите ги има како колекции на модели. Некои, како Хајнц Штерк, и во сопствена режија создаваат минијатурните возила. Од пред 15 години тој го минува своето слободно време во хоби-работилница и конструира сопствени модели - од нацрт до производство на малите делови.

„Перфекција е ефектот кога се’ ќе се стави во погон. На крајот човек секогаш сака да биде подобар - се оди секогаш понапред, се оптимира, се сака всушност да се постигне перфекција“, вели Штерк.

Понекогаш додека да се заврши одредено возило минуваат недели. Трошоците за материјал чинат повеќе илјади евра.

Хајнц Штерк е возбуден. На градилиштето е донесен неговиот најнов багер со помош на транспортер на тежок товар. Тој тука веднаш ќе ја има првата работна задача. И како што се случува често - премиерата се одвива тешко.

„Ние всушност сакаме реалистички да играме, но и како со оригиналот секогаш се случуваат мали несреќи“, вели Штерк.

Целта е постигнување перфекција. Од пред пет години мажите се’ повеќе ги подобриваат патеката и своите модели. Убавото притоа е што тие не сакаат со тоа да завршат.